Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија објавува Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники за претставници на граѓански организации.
Обуката за лидерски вештини и техники има за цел да ги зајакне капацитетите на денешните но и идните лидери на граѓанското општество во земјата фокусирајќи се на следните елементи:
Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).
Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.
За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 16 до 17 декември 2019 година во Велес.
Пријава за обуката и рок за пријавување
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 9 декември (понеделник) 2019 година.
Пријава за дводневна обука Преземи пријава
Селекција на учесници
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС.
Дополнителни информации
Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 6 декември 2019 година.