Податоци за грантисти

Сектор на делување:

Економски и одржлив развој

Наслов на проект:

Операционализација на Стратегијата за мониторинг и евалуација 2018-2020 и воспоставување систем за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените

Целта на проектот:

Унапредување на процесот на мониторинг и евалуација во Фајнанстинк, воспоставување на процес на оценка на учинокот и ефикасноста на вработените во институтот.

Очекувани резултати:

Заокружување на процесот на мониторинг и евалуација во организацијата; воспоставување на тестиран процес за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените и добивање на позитивно независно мислење за процесот на управување со Фајнанстинк. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: рамка за мерење на индикатори на Стратегијата; изработка на Правилник за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените; спроведување на правилникот; студиска посета во земји од регионот; споделено искуство со странски експерт кој ќе престојува во организацијата и др. Временскиот период е 18 месеци. Буџетот изнесува 461.212 денари.

Сектор на делување:

Социјално хуманитарни активности

Наслов на проект:

Со поголема транспарентност до поголемо влијание

Целта на проектот:

Унапредување на работата на Црвен крст на град Скопје во делот на сметководственото и финансиското работење, материјално- магацинското работење, логистика, кадровска евиденција и пресметка на плати.

Очекувани резултати:

Подобрување на процедурите за работа на Црвен крст на град Скопје за навремен и соодветен одговор на потребите на населението; да се зајакнат организациските и човечките капацитети за транспарентност во работењето и отчетност и саморегулација на работењето. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: формирање на работна група на ниво на Црвен крст на град Скопје; координативни состаноци и работилници за дефинирање на нови процедури за работа; теренски посети; креирање и воведување на современ софтвер; обуки за вработените лица и практикантите во Црвен крст за користење на софтверското решение и полнење на системот и прирачник; креирање на нови документи и адаптација на интерните правилници/процедури за финансиско, материјално, магацинско, административно и сметководствено работење, како и документи кои ќе ги регулираат интерните процедури во организацијата и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 455.600 денари

Сектор на делување:

Заштита на маргинализираните лица

Наслов на проект:

Воспоставување на внатрешни политики и процедури за добро владеење

Целта на проектот:

Спроведување на сеопфатен и транспарентен процес за ревидирање на постоечките и за воспоставување на нови организациски политики и процедури за унапредување на системите за раководење со човечките ресурси и за административни и финансиски процедури.

Очекувани резултати:

Воспоставување на ефикасна структура и ефикасен систем за оперативен менаџмент, за раководење со човечките ресурси и за спроведување на административните и финансиските процедури, како и да се унапредат меѓучовечките односи, да се подобри тимската работа и да се поттикне мотивација кај внатрешните конституенти на ХОПС. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: спроведување на обука и консултантски процес за оперативен менаџмент, обука и консултантски процес за раководење со човечките ресурси и обука и консултантски процес за административни и финансиски процедури наменети за сите долгорочни раководни структури во ХОПС; ревизија и надградба на постоечкиот правилник за организациски политики и процедури; дводневна организациска работилница за заедничко усогласување на ставовите и за конечно дефинирање на правилникот за организациските политики и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 457.200 денари.

Сектор на делување:

Развој на локалната демократија

Наслов на проект:

Фокус во фокусот

Целта на проектот:

Ревидирање на постојните внатрешни правила и процедури и воспоставање нови правила за проектен менаџмент и зајакнување на човечкиот капацитет на фондацијата за проценка на влијанието на фондацијата во заедницата.

Очекувани резултати:

Воспоставување на нови правилници за работа и зголемување на транспарентноста и демократското управување. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: ангажирање на експерт/и за институционален развој; работилници за ревидирање на постојните правила и процедури; студиска посета на партнерска организација во Р. Словенија со цел пренесување на добрите практики за добро управување; подготовка на финален прирачник со внатрешни правила и процедури на фондацијата и тренинг на две локални граѓански организации за добро управување. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.250 денари

Сектор на делување:

Социјална заштита и заштита на децата

Наслов на проект:

Креирање и имплементирање на развојна внатрешна организациска структура и оптимизација на интерните процеси и процедури за успешно работење

Целта на проектот:

Воспоставување функционална и оперативна внатрешна структура што ќе ги следи стратешките цели за брз и соодветен одговор на попатните предизвици и потреби за промени и адаптирање.

Очекувани резултати:

Воспоставување на нова организациска структура и нова систематизација; воспоставување на систем од процедури и јасно дефинирани комуникациски канали и систем за мониторинг и евалуација; планско, транспарентно и јасно трошење на финансиски средства; зголемен број на волонтери; план за развој и организациска одржливост и перформанс менаџмент план (PMP) и вработување на Оперативен директор. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: поставување на развојна внатрешна структура; дефинирање на методологија за конципирање на вредности на секое работно место и систематизација, дефинирање на Методологија и алатки за континуирана евалуација на вработените; правилник за алокација на средства генерирани од донации и економски активности; формирање на волонтерски центар; работилници за перформанс менаџмент план (PMP) и ре евалуација на Стратегиски план; подготовка на план за развој и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.247 денари.

Сектор на делување:

ЛГБТИ права во Р. Македонија

Наслов на проект:

Кон унапреден одговор на екстерните предизвици преку зајакната организациска структура

Целта на проектот:

Зајакнување на интерните организациски капацитети за унапредено справување со предизвиците од надворешното опкружување.

Очекувани резултати:

Унапредување на финансиското работење на организацијата; унапредување на работните односи во организацијата како и унапредување на стратегиските документи на организацијата. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: изработка на правилници за финансиско работење, благајничко работење, за набавки, работа и работни односи, чување и циркулација на документација и управување со постојаните средства; организирање на годишна конференција за презентација на работата на С-Фронт; дизајн и дисеминација на годишен наративен и финансиски извештај и е-билтен; ревизија на Визија, Мисија, Стратешки цели и Вредности на организацијата; изработка на стратешки план за 2019-2020; организација на годишно собрание на организацијата; деловник за работа на Управниот одбор. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.138 денари.

Сектор на делување:

Добро владеење

Наслов на проект:

Усовршување на структурата за добро управување на АЛДА Скопје

Целта на проектот:

Усовршување на структурата за добро управување воспоставена во АЛДА Европа и нејзино трансферирање во работата на АЛДА Скопје преку внатрешна и надворешна ревизија на постоечките документи и системи за внатрешно управување; зајакнување на капацитетите на АЛДА Скопје; зајакнување на капацитетите на граѓанските организации преку трансферирање на знаење, практики и менторство од страна на АЛДА Скопје кон други две помали граѓански организации.

Очекувани резултати:

Подобрување на внатрешното управување на АЛДА Скопје преку подобрување на постоечките документи и правилници за внатрешно управување; воспоставување на современи одредби во организациските документи за транспарентност и отчетност; да се подобрат капацитетите на вработените; да се зајакнат капацитетите за добро управување и раководење на две граѓански организации. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: менаџмент и координација; комуникации и видливост; подобрување и приспособување на постоечките документи за внатрешно управување (внатрешна и надворешна ревизија); зајакнување на капацитетите за управување; студиска посета во канцеларијата на АЛДА Европа во Виченца, Италија; обука за стратешко планирање и раководење во рамките на студиска посета; обука за сметководство и административно работење; менторство и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.240 денари.

Сектор на делување:

Медиуми

Наслов на проект:

До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија

Целта на проектот:

Постигнување поголема соработка и одѕив од страна на граѓаните со СЕММ за да се постигне поголема препознатливост на саморегулативното тело како одговорна и транспарентна организација што дејствува во интерес на граѓаните и подигнување на професионалноста во медиумското известување.

Очекувани резултати:

Зголемени капацитети на органите на СЕММ за размена на информации и колективно одлучување; зголемена отчетност, транспарентност и одговорност кон граѓаните и општата јавност и зацврстување на соработката меѓу саморегулативното тело и граѓаните и општата јавност. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите; организирање работилница за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност; организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции; подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ; информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 456.562 денари.

Сектор на делување:

Социјална заштита и заштита на децата

Наслов на проект:

Организациско јакнење и оптимизација на институционалниот капацитет на ИЗБОР

Целта на проектот:

Подобрена имплементација на практиките, процедурите и правилниците кои се усвоени од организацијата и по завршување на проектот и поголемо задоволство и мотивација кај вработените во организацијата.

Очекувани резултати:

Подобрени внатрешни системи преку хармонизација и ревидирање на постоечките процедури, воспоставени правилници за добро управување во нашата организација; почитување на практиките, процедурите и правилниците кои се усвоени од организацијата и по завршување на проектот и поголемо задоволство и мотивација кај вработените во организацијата. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: обезбедување на експертска поддршка за подобрување на финансиските и сметководствени процедури; подготовка на политика и правилник за регрутирање и унапредување на вработените, системи за надоместоци и иницијативи; развивање на систем на следење на квалитет; изготвување на политика за превенција на организацијата за конфликт на интерес; надоградба и ревизија на сегашната програма за волонтирање и практиканство и стратешко планирање, ревидирање на стратегијата и правење на акциски план за 2019. Временскиот период е 18 месеци. Буџетот изнесува 449.800 денари.

Сектор на делување:

Млади

Наслов на проект:

Јакнење на корените

Целта на проектот:

Воспоставување на процедури и практики за добро управување на органите на Сојузот на извидници на Македонија..

Очекувани резултати:

Управниот одбор на Сојузот на извидници на Македонија ги разбира своите обврски и улога, принципите на добро управување и ефективно управува со организацијата на редовни седници; канцеларијата на Сојузот на извидници на Македонија работи според уредени правила и процедури кој гарантираат ефективна имплементација на стратешките документи на организацијата; извидничките одреди, членки работат и имплементираат активности на локално ниво според утврдени процедури и правила кој се базирани на принципите на добро управување. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: организирање на воведен Тренинг (Induction) за членовите (7) на Управниот одбор на СИМ за нивната улога и обврски; организирање на тренинг за воспоставување и употреба на принципите за добро управување; организирање на тим-билдинг викенд за подобрување на работата на Управниот Одбор на СИМ; воспоставување на модули за обука на кадри за добро владеење; побарување на управувањето од страна на канцеларијата на организацијата; организирање на работен викенд за утврдување на слабостите на перформансот на канцеларијата на СИМ; воспоставување правила и процедури за работата на Канцеларијата на СИМ, базирани на принципите за добро управување; организирање на тим-билдинг викенд за подобрување на работата на канцеларијата на СИМ; организирање средби на управувачките структури на одредите за утврдување на процедури и правила во работата на локално ниво. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 460.160 денари.

Сектор на делување:

Млади

Наслов на проект:

Млади на иста фреквенција

Целта на проектот:

Подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.

Очекувани резултати:

Усвоена комуникациска стратегија на организацијата, за унифицирано пренесување на пораки во јавноста и кон младите; изготвени документи за редовно месечно известување; дисеминирана комуникациска стратегија за унифициран пристап до сите тела; креирани и дисеминирани три видеа за промоција; креирана програма за дисеминирање и видливост на успешните приказни; стекнати знаења, алатки, методи и начини за поголема видливост на активностите; подобрени практики за известување и видливост на организациските програми и проекти, активности, резултати и мобилизирани средства; усвоена годишна програма за алтернативно финансирање на активностите; креиран и дисеминиран водич за лобирање и транспарентно мобилизирање на средства и ресурси потребни за организирање на годишната програма; креирана база на компании, годишни поддржувачи на активностите. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како:  изработка на комуникациска стратегија; креирање на промотивни видеа за Младите можат; бележење на искуствата на „Младите што можат“; градење на капацитети за Извршна канцеларија и членство за транспарентно работење и видливост на активностите; редовно годишно Собрание на Младите можат; креирање на годишна стратегија за алтернативно финансирање на активностите на Младите можат. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.000 денари.

Сектор на делување:

Родова еднаквост

Наслов на проект:

Транспарентноста како дел од одржливоста на РАЖМ Лулуди

Целта на проектот:

Зајакнати организациски капацитети за транспарентно известување кон општата јавност, донаторската заедница и соработниците.

Очекувани резултати:

Подготвени 2 организациски ревизорски извештаи за 2017 и 2018 година; креирана листа на препораки за подобрување на организациското работење; стекнување вештини за подготовка на податоци и документи потребни за спроведување на организациска ревизија; подготовка на два годишни наративни и финансиски извештаи; подготвен правилник на организацијата за подготовка на документи за транспарентно известување; публикувани два годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата, преку официјалната веб страна на Лулуди, споделени на мрежа на соработници, членови на организацијата и донатори. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: подготовка на годишни организациски ревизорски извештаи; организирање на обука за пишување на годишни наративни и финансиски извештаи; пишување на годишни наративни и финансиски извештаи; дизајн на годишни извештаи и публикување на истите. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 246.000 денари.

Сектор на делување:

Наука, образование и доживотно учење

Наслов на проект:

Подобрување на транспарентноста и отчетноста, преку комуникациски пристапи и механизми

Целта на проектот:

Зајакнување на транспарентноста и отчетноста на организацијата, преку зголемување на видливоста и воспоставување функционални и ефикасни алатки и канали за комуникација со јавноста.

Очекувани резултати:

Креирана Комуникациска стратегија на организацијата; изградени капацитети за јасно и ефикасно комуницирање со јавност; креирана функционална и ефективна веб страница на организацијата; креирани 2 кратки видеа за промоција на организацијата, нејзината визија, мисија, цели, како и главни достигнувања; креиран систем за поголема транспарентност и отчетност на организацијата во форма на периодичен билтен. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: спроведување менторски процес за креирање Комуникациски стратегии, како алатка за ефикасно комуницирање на организацијата со јавност; спроведување дводневна обука за комуницирање и односи со јавност за членовите на Извршната канцеларија; креирање на нова, ефективна и функционална веб страница на; креирање на 2 кратки видеа за промоција на организацијата; креирање и дисеминирање на билтен како алатка за информирање на јавноста и конституентите на ЛЕАД. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.120 денари.

Сектор на делување:

Доброволен противпожарен сектор

Наслов на проект:

Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите

Целта на проектот:

Да се унапреди видливоста и препознатливоста на ДПД во средината и пошироко, преку подобрена транспарентност и отчетност на организациската работа кон своите конституенти и донатори.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на извршните и одлучувачки тела на ДПД со знаења и вештини за транспарентно и отчетно работење и известување; детектирани недостатоци и можности во работењето на ДПД и како да се трансферираат во развојна стратегија; креирани нови и унапредени веќе постоечки алатки за презентирање на работата на ДПД и информирање на конституентите. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: четиридневен тренинг за зајакнување на капацитетите на извршните и одлучувачки структури и членството на ДПД;   подготовка, печатење и дистрибуција на наративен и финансиски извештај за 2018 година; спроведување на организациска евалуација и креирање развојна стратегија; спроведување на организациска ревизија; креирање на промотивно видео за волонтерството и работата на ДПД; отворен ден за граѓаните на општина Свети Николе. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 221.219 денари.

Име на организација:

Центар на заедницата на општина Струга

Сектор на делување:

Граѓанско учество и локална демократија

Наслов на проект:

Транспарентност и отчетност – Проект за јакнење на организациските капацитети

Целта на проектот:

Унапредување на транспарентноста на организацијата преку јакнење на капацитетите на организацијата и подобрување на внатрешните процедури за известување и информирање на јавноста за работата на организацијата.

Очекувани резултати :

Унапредена транспарентност при трошењето на финансиските средства и информирање за резултатите од спроведените активности што ќе обезбеди оправданост на потрошените средства; поголема информираност на заедницата преку презентација на активностите, постигнатите резултати, добри пракси и успешни приказни; добиени коментари и препораки од страна на заедницата за подобро планирање на идните активности; надворешна ревизија и верификација на трошењето на средствата, при што ќе се утврди дека организацијата работи во согласност со законските прописи и внатрешните финансиски процедури. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како:  публикување и печатење на годишен извештај за 2018 година; објавување наративни и финансиски извештаи на веб страната на организацијата; публикување на флаер за работата на здружението Центар на заедница на општина Струга; организирање на настан за презентација на програмските активности и годишниот извештај; подготовка на ревизорски извештај за финансиското работење на организацијата за 2018 година. Временскиот период е 4 месеци. Буџетот изнесува 231.482 денари.

Сектор на делување:

Млади

Наслов на проект:

Активно вклучување на младите во организациските практики на Младински Совет Прилеп

Целта на проектот:

Подобрена комуникација на МСП со младите луѓе во Општина Прилеп преку употреба на дигитални комуникациски алатки.

Очекувани резултати:

Зајакнати капацитети на МСП за транспарентно известување и подобрено известување за организациските постигнувања. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како:  обука за користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати; видео со анимација за известување за организациските постигнувања; oтворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП; промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.982 денари.

Сектор на делување:

Човекови права и антидискриминација

Наслов на проект:

Транспарентност и отчетност за поголема поддршка од заедницата

Целта на проектот:

Зголемување на степенот на транспарентност, отчетност и одговорно работење на ЛГБТ Јунајтед Тетово.

Очекувани резултати:

Обучен кадар на ЛГБТ Јунајтед Тетово за отчетно и транспарентно работење кон корисниците, целните групи и јавноста преку пишување на годишни наративни извештаи и објавен годишен наративен финансиски извештај; поголема видливост на организацијата на локално ниво во градовите Тетово, Гостивар и Струга. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како:  обука за вработените во ЛГБТ Јунајтед Тетово за јакнење на капацитетите на вработените за пишување на годишни наративни извештаи; објава на финансиските и програмските извештаи во традиционални и социјалните медиуми; подобрување на веб-страницата на организацијата спроведување на текстови на јазиците на малцинствата кои живеат во Македонија); печатење на информативни флаери за работата на ЛГБТ Јунајтед Тетово и услугите кои ги нуди за ЛГБТ заедницата; организирање на отворени денови во неколку градови во Македонија за информирање на граѓаните со работата на ЛГБТ Јунајтед Тетово. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 245.035 денари.