Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM).
Претставници на четири граѓански организации од Словенија зборуваа за нивните добри пракси поврзани со транспарентноста.
За тоа колку е значајна транспарентноста кога се мобилизираат средства зборуваше Петар Томашич, генерален секретар на Каритас- Словенија. За организација која спроведува социјални програми и собира донации, клучна е довербата која се гради преку транспарентното работење. Според Томашич, важно е да се знае од секое евро донација колку се распределуваат за административни работи, а колку за крајните корисници и тој податок да биде јавно достапен. Кога е во прашање прибирањето средства за организациски програми, потребно е да се комуницираат јасни вредности истакна во своето обраќање Наташа Пошел, директорка на Амнести Интернешнл (Amnesty International Slovenia). Таа истакна дека како организација која работи за заштита на човекови права, во своето работење, исклучиво се финансираат од донации и не примаат државна помош освен за кампањите за образование за човекови права. За транспарентното комуницирање на постигнувањата и јасното следење на ефикасноста на операциите зборуваше Јака Крајнц, генерален секретар на Друштвото на екологисти без граници од Словенија.
Тина Дивјак – раководителка за застапување во Центарот за информирање, соработка и развој на невладините организации (ЦНВОС) зборуваше за „Чарити Навигатор“, алатка која треба да им помогне на организациите да воспостават солидни транспаренти практики. Оценката на организацијата се прави во однос на четири главни критериуми тоа: супервизија на функционирањето на организацијата, потоа стратегиското планирање, финансиското менаџирање и транспарентност. Секоја организација добива оценка како комбинација од овие четири критериуми.
Целта на конференцијата беше да се споделат најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија и да се поттикне и подобри транспарентноста во секторот.
Управувањето со ризици е чекор подалеку од управувањето со криза!Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 17 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризиците. Таа се одржа на 18, 23 и 26 ноември 2020 година преку онлајн платформата ЗООМ.
На обуката се потенцираше важноста од проценката на ризик, како и воспоставувањето и практикувањето на функционални системи за управување со ризик од страна на организациите. Учесниците низ меѓусебно разменување на информации суштински можеа да увидат која е разликата меѓу управување со кризна ситуација и управување со ризици. Во пракса многу често сме навикнати да гасиме пожари ама не и да направиме систем на предвидување на ризици кои ќе знаеме да ги следиме и на соодветен начин ублажиме во текот на организацискиот развој.
Затоа оваа обука се фокусираше на:
- што се подразбира под управување со ризици и зошто е тоа важно за граѓанските организации;
- како граѓанските организации можат да воспостават систем за управување со ризици и кои се придобивките;
- категории на ризик;
- воспоставување матрица на ризик;
- анализа и ублажување на ризикот.
„Обуката за менаџмент на ризици, мене ми помогна во поглед на целата постапка за надополна и целосно завршување на започнатиот регистер на ризици во мојата организација, како и да разберам полесно да го дефинирам ризикот и да направам дистинкција помеѓу тоа, што е реалност со која се соочуваме во организацијата, а што е потенцијален ризик. Јас сметам дека секоја ГО, без разлика на големината, треба да имаат свој регистер на ризици зошто на тој начин полесно ќе ги предвидува настаните и полесно ќе се носи со ризиците. Во тој поглед оваа обука им помогна на ГО полесно да се соочат со проблемите со кој се соочуваат и да подготват иновативни решенија за тоа како истите да ги отстранат во насока да станат целосно функционални ГО.“ – изјави Весна Глигорова, финансиски менаџер во Центарот за управување со промени (ЦУП).
Во рамки на обуката имавме чест да се поврземе со Управата за финансиско разузнавање (УФР) кои во соработка со здружението Конект работат на проценка на ризикот од финансирање на тероризам за секторот на непрофитни организации (НПО). На обуката кратка презентација имаше Искра Дамчевска од УФР која меѓудругото изјави – „Имајќи го предвид значењето за глобалната економија и социјалниот развој, довербата која ја уживаат од поширокото општеството и најранливите категории, програмите и проектите кои ги реализираат во државата и надвор од неа, поради пристапот до значајни извори на средства, поради начинот на дисперзија на средствата за финансирање на проектните активности, воспоставените механизми за надзор и поради др. причини, НПО се изложени на ризик од финансирање на тероризам. За целите на тероризам и неговото финансирање, НПО може да се искористат на повеќе начини и тоа: за собирање и трансферирање на средства, за обезбедување на логистичка поддршка, за поттикнување и регрутирање на терористи и друг вид поддршка на терористичките организации и операции. Како и секаде, така и во РСМ, НПО се изложени на ризик од финансирање на тероризам. Ризикот од финансирање на тероризам ќе се одржува на определено ниско ниво, само ако се спроведуваат мерки кои се ефикасни и адекватно насочени кон тој ризик. Во овој контекст за унапредување на системот на превенција од тероризам, заштита на интегритетот на НПО, зачувувањето на довербата на јавноста и донаторската заедница, РСМ ги продолжува своите активности и работи на донесување на нова Стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и реализирање на понатамошни активности за подигање на свеста на изложеноста на ризикот од финансирање на тероризам во НПО.“
„Обуката за Менаџирање на ризик за граѓански организации е ново искуство за мене. Како Претседател на една организација во подем ова беше одлична можност да размислам за реалните ризици со кои се соочуваме како тим, а кои може да се менаџираат преку добро планирање и нивно навремено и редовно ревидирање. На обуката ги научив категориите на ризици (контекстуални, програмски и организациски), како да ги препознавам и дефинирам и кои контролни механизми и „лекови“ можам да ги применам. Обуката беше одлично искуство како од аспект на теорија така и од аспект на практично работење со различни типови организации од кои научив повеќе за различните потенцијални ризици. Во нашата организација веќе работиме на градење на таа матрица на ризици преку која за идната година ќе знаеме која би била веројатноста и каков ефект би имале потенцијалните ризици врз нашата работа, и најважно од сѐ, колку ризик сме спремни да прифатиме со цел да станеме препознатлив потенцијал во граѓанското општество.“ – изјави Јосипа Ризанкоска од здружението Дијалог – центар за делиберативна демократија.
Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа беше комбинација од видео сесии во живо и работа во групи на ЗООМ. Обуката ја водеше Вероника Волдан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија, која има повеќе од 15 години искуство во управување со програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот.
Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Словенечките искуства во транспарентноста презентирани пред македонските ГОПовеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM).
За Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, транспарентноста треба да се сфаќа пошироко од отчетот за потрошените средства. Таа треба да се однесува на сите комуникации на организацијата со засегнатите актери и крајните корисници.
Претставници на четири граѓански организации од Словенија зборуваа за нивните добри пракси поврзани со транспарентноста.
За тоа колку е значајна транспарентноста кога се мобилизираат средства зборуваше Петар Томашич, генерален секретар на Каритас- Словенија. За организација која спроведува социјални програми и собира донации, клучна е довербата која се гради преку транспарентното работење. Според Томашич, важно е да се знае од секое евро донација колку се распределуваат за административни работи, а колку за крајните корисници и тој податок да биде јавно достапен. Кога е во прашање прибирањето средства за организациски програми, потребно е да се комуницираат јасни вредности истакна во своето обраќање Наташа Пошел, директорка на Амнести Интернешнл (Amnesty International Slovenia). Таа истакна дека како организација која работи за заштита на човекови права, во своето работење, исклучиво се финансираат од донации и не примаат државна помош освен за кампањите за образование за човекови права. За транспарентното комуницирање на постигнувањата и јасното следење на ефикасноста на операциите зборуваше Јака Крајнц, генерален секретар на Друштвото на екологисти без граници од Словенија.
Тина Дивјак – раководителка за застапување во Центарот за информирање, соработка и развој на невладините организации (ЦНВОС) зборуваше за „Чарити Навигатор“, алатка која треба да им помогне на организациите да воспостават солидни транспаренти практики. Оценката на организацијата се прави во однос на четири главни критериуми тоа: супервизија на функционирањето на организацијата, потоа стратегиското планирање, финансиското менаџирање и транспарентност. Секоја организација добива оценка како комбинација од овие четири критериуми.
Целта на конференцијата беше да се споделат најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија и да се поттикне и подобри транспарентноста во секторот.
Транспарентноста е многу повеќе од тоа да се подготви годишен извештај ова е процес кој постојано треба да се редизајнира како за секоја организација внатрешно но така и на секторско ниво колективно низ отворени дебати и платформи за споделување на искуство и знаење.
Конференцијата е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведува МЦМС во партнерство со БЦСДН и ЦНВОС од Словенија, а финансиски е поддржана од Европската Унија.
Повик за учество на обука
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации која се спроведува по втор пат има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа:
- што се подразбира под управување со ризик и зошто е важен за граѓанските организации;
- како може граѓанските организации да воспостават систем на управување со ризик и кои се бенефитите;
- категории на ризик;
- воспоставување на матрица на ризици;
- анализа на ризици и нивно ублажување.
Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа ќе биде организирана во живо на ЗООМ сесии со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Учесниците за усвојување на оваа материја ќе имаат можност да вежбаат низ практични примери со задавање на задачи низ работа во групи.
За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се реализира на 18, 23, и 26 ноември 2020г. Точното време ќе биде дополнително соопштено со селекти раните учесници. Учесниците ќе треба да се вклучат на групни ЗООМ состаноци во живо затоа ќе биде неопходно учесниците да имаат пристап до интернет и компјутер.
Обуката ќе ја води Вероника Водлан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија. Таа има големо искуство во граѓанскиот сектор и повеќе од 15 години искуство во управување со програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот. Вероника е дел од низа меѓународни иницијативи и програми, а од 2009 до 2014 беше офицер за грантови за НВО програмата на ЕЕА и Норвешка.
Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (агенда, задачи и потврди за учество).
Пријава за обуката и рок за пријавување
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата најдоцна до 16 ноември (понеделник) 2020 година.
Напомена: Доколку се имате претходно пријавено за оваа обука која еднаш веќе се спроведе во месец јуни и сакате да ја земеме во превид истата пријава ве молиме информирајте не на емаил на fiv@mcms.mk.
Селекција на учесници
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои имаат подолго работно искуство во граѓанските организации ќе имаат предност.
Дополнителни информации
Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 16 ноември 2020 година.
Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Тестирање на online алатката за само-оценување Rendir AppДванаесет претставници на граѓански организации беа дел од на работилницата за презентирање и тестирање на он-лине алатката за само-оценување Rendir App (Биди отчетен). Работилницата се одржа на 17 октомври 2020 г. во Градскиот парк како дел од Цивика мобилитас фестивалот: „Ден на граѓанските организации“.
МЦМС во партнерство со БЦСДН овозможи алатката Rendir App да биде преведена на македонски јазик и биде лесно достапна за граѓанските организации. Оваа алатка на лесен и брз начин овозможува организациите да се оценат во однос на 12-те заложби на Глобалниот стандард за отчетност и веднаш да добијат препораки за областите каде е потребно подобрување.
Граѓанските организации се запознаа со можностите и бенефитите кои ги нуди оваа алатка и ја направија својата прва само-оценка. Потоа, тие со тимот на програмата „Одржливо граѓанско општество-државно финансирање на граѓански организации“ ги споделија своите мислења за корисноста на оваа алатка и начините за нејзина примена во македонскиот контекст.
Се констатираше дека независно од големината и формата на здруженијата, алатката Rendir App дава слика за работата на организациите во однос на тоа што тие сакаат да постигнат и кој е нивниот пристап кон промените. Па така и организација која е на волонтерска основа и која работи во одреден специфичен сектор може да добие препораки за подобрување. Таков беше случајот со Доброволното противпожарно здружение Св. Николе каде се отвори дебата родовата нееднаквост во службата и потребата повеќе жени да бидат застапени и мотивирани да се вклучат во организацијата. Алатката овозможува повеќекратно само-оценување, индивидуално и групно, со што се овозможува проверка на работењето и пристапите кои се користат во работата согласно потребите на организациите.
Застапуваме за транспарентни и отчетни граѓански организации.
Билтен бр. 2
Го подготвивме вториот билтен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Во него може подетално да се запознаете со досега реализираната шема за регрантирање, градењето на капацитетите и застапувањето за подобрување на државното финансирање на граѓанските организации на централно ниво.
Менторска поддршка за граѓански организацииПрограмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ нуди менторска поддршка за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети за транспарентно и отчетно работење. Менторството ќе го обезбеди тимот на експерти од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Нашите експерти ќе ви бидат достапни за прашања поврзани со подобрување на организациската структура, организациски документи, годишни извештаи, раководење со човечки ресурси, финансиско работење, комуникации и мониторинг и евалуација.
Доколку вашата организација има потреба од дополнителна експертиза, мислење или совети за организациски процеси и операции ве молиме пополнете го прашалникот подолу и одберете ги соодветните области во кои ви е потребна поддршка. Менторската поддршка е покриена од МЦМС.
ПРАШАЛНИК ЗА МЕНТОРСКА ПОДДРШКА
Првите 15 граѓански организации кои ќе го пополнат прашалникот ќе бидат исконтактирани од страна на проектниот тим за отпочнување на процесот на менторирање. Ве поттикнуваме да ја искористите оваа можност и добиете совети за понатамошен развој.
Програмата ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС), а е финансирана од Европската Унија.
На еден клик до поголема отчетност: Rendir App – Биди отчетенАлатката Rendir App (во превод Биди отчетен) е едноставен начин зa само-оценување во однос на Глобалниот стандард за отчетност на граѓанските организации. Ако планирате внатрешна дискусија за подобрување на отчетноста на вашата организација, Биди отчетен е местото каде што треба да почнете.
Алатката ве води низ 24 прашања поврзани со 12-те заложби на Глобалниот стандард. Резултатот од вашите одговори ќе биде сеопфатен опис на состојбата на организацијата и препораки за подобрување. Резултатот од секоја вежба е доверлив, нема пренос на податоци и рангирање.
Започнете со само-оценувањето!
И за крај нас не интересира вашето мислење за оваа алатка, пишете ни на asv@mcms.mk за вашето искуство со користење на апликацијата.
Ви благодариме.
Панел дискусија за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организацииНа 2 јуни 2020 година на онлајн панел-дискусија ги презентиравме податоците од Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации.
Целта на извештајот беше да се согледаат тековните практики во земјата, а со него беа идентификувани управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн.
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 19 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризици. Таа се одржа од 19 до 29 јуни преку онлајн платформата ЗООМ.
Обучувачката Вероника Волдан ја потенцираше важноста од проценката на ризик, како и воспоставувањето и практикувањето на функционални системи за управување со ризик од страна на организациите. Учесниците имаа шанса да подготват листа со 10 ризици релевантни за нивната организација, а дел од нив ги внесоа во матрицата – регистер за проценка на ризик. Исто така, тие се запознаа и со процесот на подготовка на план за управување со ризици што претставува сет на активности кои организациите ги спроведуваат со цел да ги идентификуваат, да ги анализираат и ублажат ризиците. На организациите ова ќе им помогне предвреме да се подготват за ризиците и да најдат можни решенија со што ќе ја оптимизираат својата работа, односно подобро ќе ги искористат ресурсите, ќе го зголемат перформансот и ќе да ги намалат можните штети врз нивните вработени и конституенти.
„Прекрасен практичен курс– и лично и професионално. За време на обуката имавме многу можности да поставуваме прашања и да разговараме за примери од реалноста со која се соочуваме. Се ова заедно направија да имаме навистина пријатна и информативна обука. Кратка но фокусирана и на место.“- изјава на Маја Лостова, финансиски менаџер во Хелветас-Швајцарска интеркооперација.
Обуката ми ги искристализира поимите ризик и тековен проблем и ме научи како да не ги мешам во идното менаџирање и планирање во ЦЕФЕ Македонија. Исто така едноставните матрици за предвидување на ризици се значаен ресурс за нас. Ова знаење послужи и како градење на капацитети и на двата нови центри за претприемништво на “ЦЕФЕ Исток” во Штип и “ЦЕФЕ Струмица“- изјава на Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија.
Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа беше комбинација на следење на претходно снимени видео сесии и во живо ЗООМ сесии, а со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Обуката ја водеше Вероника Волдан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија, која има повеќе од 15 години искуство во управување со програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот.
Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.