Лидерството како партнерски однос

Обуката за „Лидерски вештини и техники“ овозможи 17 сегашни но и идни лидери на граѓански организации да ги развијат своите вештини и техники за лидерство. Во родова балансирана група се презентираше и потоа дискутираше концептот на лидерство во теорија и пракса со посебен осврт на следните елементи: одговорно лидерството во граѓанските организации (интегритет, транспарентност и отчетност), различни модели на лидерството во организациите и анализа на стилот на лидерство, комуникација, донесување на одлуки, имиџ, кредибилитет и легитимитет, и др.  Обуката се одржa на 16 и 17 декември 2019 година во хотел Романтик во Велес.

„Лидерството на граѓанските организации е важен мотор во поттикнувањето на промени во целокупниот развој на општеството. Оттука, континуираното вложување во градењето на човечките капацитети на граѓанските организации е потреба која треба да ги следи актуелните домашни и светски трендови. Обуката за лидерство не е само концепт кој ќе го интегрирам во својот личен развој, туку идеја која понатаму ќе ја споделувам и меѓу соработниците.“- изјави Моника Вељаноска од организацијата Асоцијација за демократски иницијативи- АДИ.

„Обуката за лидерски вештини и техники за преставниците на ГО организирана во Велес од страна на МЦМС, беше од големо значење за мене и за организацијата која ја претставувам. Истата ми овозможи надградување и дополнителни знаења од самата област, кои се корисни во дефинирање и спроведување на организациски развој, но и во тековното организирање и реализирање на активностите. Дефинитивно ваквите обуки придонесуваат во подобрување на лидерскиот статус и го зајакнуваат капацитетот на организациите во целост.“ изјави Тони Станковски од Здружението на граѓани Љубезност.

Во работата се споделија различните искуства и предизвици со кои граѓанските организации се соочуваат во однос на нивното делувањето внатре во организацијата но и во надворешното опкружување. Клучно за надминување и справување со овие предизвици беше истакнато дека е потребно силното и храбро лидерство. За учесниците особено интересна беше сесијата за лидерите како мотиватори на која се дискутираше прашањето – Како лидерите да бидат подобри мотиватори?

Методологијата на работа беше комбинација од теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена на вежби. Обуката ја водеше Сунчица Саздовска, со 20 години работно искуство во развој на граѓанско општество.  Во обуката беа опфатени сите аспекти од принципите на добро управување кои влијаат на работа на организациите.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија. 

ЛГБТ Јунајтед Тетово го одбележа денот на човекови права

На 10 декември се одбележува денот на човековите права. Пред повеќе од 70 години се донесе Универзалната декларација на човековите права со која народите и нациите се сплотија во мисијата да обезбедат мир, слобода и правда за секој човек.

Здружението на граѓани ЛГБТ Јунајтед Тетово, на 10 декември излезе на улица – местото каде се воделе борбите и протестите за унапредување и заштита на човековите права. Членовите на здружението пред граѓаните на градот Тетово ја претставија својата организација и мисијата која успешно ја остваруваат од 2012г.

Како грантисти во рамки на програма, членовите на ЛГБТ Јунајтед Тетово секојдневно ја зајакнуваат својата организација со нови механизми за транспарентното и отчетно работење. 10 декември не само што ги потсети на предизвиците кои стојат пред нив за заштита на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија туку и на потребата пошироката јавност да се запознаа со нивната работа. Отвореноста и непосредноста со граѓаните ќе овозможи зголемување на довербата и ќе ја подобри нивната видливост на локално ниво.

Со практикување на принципите на транспарентност и отчетност граѓанското општество во Македонија ќе може успешно да влијае на социоекономскиот развој на земјата и обезбеди права и слободи за своите граѓани.

Гласно за поддршка и заштита на човековите права за сите.

20 години Младински Совет Прилеп

Младински Совет Прилеп во периодот од 15 мај 2019 – 14 ноември 2019 година го спроведува проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП”. ➡️🗓Во рамките на проектот изработено е промотивното видео за МСП кое вклучува информации за работата на МСП, постигнувања на организацијата во последните 3 години, финансиски резултати и искуства од локалните волонтери на МСП. ✅✅Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).📍

Консултации со граѓански организации за утврдување на приоритетни области за финансирање од Буџетот на Владата за 2020г.

58 претставници на граѓански организации учествуваа во консултациите за утврдување на приоритетни области за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година.

Консултациите се одржаа во периодот до 12 до 15 ноември 2019г. во Скопје, Битола и Штип, а целта беше преку нив да се идентификуваат неопходните приоритети на граѓаните и граѓанските организации кои би требало да бидат земени предвид кога се дефинира програмата на Владата за финансирање на граѓански организации за 2020г.

Консултациите се организирани во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од државата. MЦМС придонесе во реализирањето на консултациите со логистичка поддршка за Одделението за соработка со НВО при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ е имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а финансирана од Европската Унија.

Повик за учество на дводневна обука

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија објавува Повик за учество на обука за лидерски вештини и техники за претставници на граѓански организации.

Обуката за  лидерски вештини и техники има за цел да ги зајакне капацитетите на денешните но и идните лидери на граѓанското општество во земјата фокусирајќи се на следните елементи:

  • Концептот на лидерство во теорија и пракса;
  • Одговорно лидерство во граѓанските организации (интегритет, транспарентност, отчетност итн.);
  • Развој на лидерски вештини и техники важни за доловувањето на граѓанските организации внатре во организацијата и во надворешното опкружување.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.

Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).

Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 16 до 17 декември 2019 година во Велес.

Пријава за обуката и рок за пријавување

Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 9 декември (понеделник) 2019 година.

Пријава за дводневна обука Преземи пријава

Селекција на учесници

Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС.

Дополнителни информации

Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 6 декември 2019 година.

 

 

Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за мрежи на граѓански организации

Повеќе од 10 претставниците на мрежи на граѓански организации присуствуваа на Информативната сесија за презентација на повикот за грантови за мрежи. На информативната сесија Илина Нешиќ, извршна директорка на БЦСДН, го презентираше упатството за аплицирање, формуларот за аплицирање како и целите и резултатите на повикот. Подетално се дискутираа и предлог активностите и важноста на јакнење на мрежите на граѓански организации во земјата.

Преземете ги прашањата и одговорите кои беа дискутирани на Инфосесијата и оние кои беа доставени по електронски пат.

Заинтересираните мрежи на граѓански организации може да постават прашања поврзани со повикот најдоцна до 25 ноември 2019г. на следната е-адреса: executiveoffice@balkancsd.net

Рокот за доставување на апликации е 29 ноември 2019г. најдоцна до 16 часот.

Преку овој тип на поддршка се очекува зајакнување на работата на мрежите за отчетно и транспарентно работење. Максималниот износ за кој може да се достави предлог-проект е 4.400 евра (270.600 МКД), а ќе се доделат најмалку 5 грантови.

Повикот е дел од програмата на МЦМС „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, што се спроведува во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за граѓански организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансиски поддржана од Европската Унија.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Само-регулацијата и финансиската транспарентност ќе ја зголемат довербата во ГО

На 30 октомври 2019г., во просториите на МЦМС се одржа работилницата „Како да ги подобриме транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации во Македонија“Учесниците во дискусијата заклучија дека само-регулацијата во граѓанскиот сектор ќе придонесе кон подобрени практики на отчетност и транспарентност, дека здруженијата треба да развијат модел на етички заложби кој ќе ги опфати основните вредности и принципи за транспарентно и отчетно работење, а исто така, дека зголемената финансиска транспарентност е клуч за подобрување на довербата во граѓанското општество

На работилницата присуствуваа 16 претставници на граѓански организации, а модератор беше Тина Дивјак од Центарот за информирање, соработка и развој на невладини организации (ЦНВОС) од Словенија.

Учесниците ги дискутираа ставовите и очекувањата на здруженијата за транспарентноста и отчетноста, за нивниот придонес кон саморегулација во граѓанскиот сектор, како и за веќе воспоставените пракси на саморегулација. Освен тоа, тие се мотивираа и се подготвија за воспоставување и функционирање на Мрежа за транспарентност и отчетност на граѓанските организации.

Поконкретно, се говореше за степенот и трендовите на практикување на транспарентност и отчетност на граѓанските организации, нивните законски обврски по ова прашање, евентуалните механизми на саморегулација на ниво на мрежи и на секторско ниво доколку постојат, предизвиците и нивното надминување при воспоставување на овие механизми. Оваа работилница се реализираше во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ финансирана од Европската Унија.

Транспарентноста и отчетноста на денот на граѓанските организации

На 14 септември 2019 на денот на граѓанските организации Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја промовираше програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“. Транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на граѓанските организации се водечките принципи на оваа програмата и истите ги преточуваме во граѓанското општество.

Ден на граѓански организации

Под мотото „Транспарентни и отчетни граѓански организации“, програмата Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации беше дел од настанот Ден на граѓанските организации на плоштадот Скендербег на 14 септември 2019 г.

На штандот посетителите се информираат за целите и резултатите на програмата и можностите за финансирање преку грантовите за добро управување и транспарентност и отчетност на граѓански организации. Посетителите и тимот заедно ја склопуваа динамичната коцка која ги претставува 12те заложби на Глобалниот стандард кои ги сумира главните области на добри практики на отчетност на граѓанските организации.

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

Мониторинг состаноци со корисниците на грантовите за транспарентност

Во периодот од 27 август до 4 септември 2019 година, тимот од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации – ДФГ“ одржа мониторинг состаноци со грантистите од втората грантова шема кои ги спроведуваат грантовите за транспарентност.

Состаноците имаа за цел подетално следење на текот на проектите, известување за евентуалните отстапувања од временската рамка како и информирање за правилата и процедурите при спроведување на грантови поддржани од Европската Унија, имајќи во предвид дека овие грантови се прво искуство од ваков тип за поголемиот број грантисти.

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој – ЛЕАД Скопје

Грантистите споделија искуства и научени лекции од досегашното спроведување на своите проекти, од аспект на транспарентноста и отчетноста во своето работење:

„Преку проектните активности дознавме повеќе за перцепцијата на младите во однос на отвореноста на нашата организацијата, како и кои дополнителни мерки треба да ги преземеме“ – рече Никола Ивановски од Младите можат, Скопје. Кирил Михајлов од Доброволно противпожарно друштво – Свети Николе сподели дека преку овој проект прават максимални заложби за поголема транспарентност и препознатливост на нивната работа од страна на граѓаните.

Ромска асоцијација за жени и млади Лулуди Скопје
Здружение за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУГА

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).