29/09/2021
Иако од 2019 година се очекуваа позначајни поместувања во однос на воспоставувањето нов модел за државно финансирање на граѓанските организации, кризата со пандемијата на ковид-19 влијаеше на поместување на овие планови. Средствата кои се доделуваат за граѓанските организации од централно ниво се уште стагнираат, а постапките за нивно распределување се недоволно транспаренти и отчетни. Согласно […]
27/09/2021
Во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ се спроведоа низа на активности за таргетирано градење на капацитетите на организациите. Се реализираа пет обуки и 26 менторски сесии, а се подготвија и неколку алатки кои организациите можат да ги користат во секое време и за различни потреби со цел подобрување на […]
22/09/2021
Во период од 2018 до 2021 година во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ се реализираа вкупно три вида на финансиска поддршка за граѓанските организации, и тоа: Грантови за унапредување на внатрешните структури на управување (10); Грантови за транспарентност (14); Грантови за мрежи на граѓански организации за зајакнување и […]
08/07/2021
Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН), на 1 јули 2021 година, одржа регионална работилница за отчетност на граѓански организации (ГО), насловена: „Размислувања за саморегулацијата на граѓанското општество преку споделување на регионални и глобални искуства“. Настанот го следеа повеќе од 60 претставници на ГО од Балканот и целиот свет, кои виртуелно дискутираа и споделија […]
23/06/2021
Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) организира регионална работилница за отчетност на граѓанските организации: „Размислувања за саморегулација на граѓанското општество со споделување на регионални и меѓународни искуства“ која ќе се одржи он-лине на 1 јули 2021 година, од 14:00 до 15:45 часот. Целта на работилницата е да се подигне свеста кај граѓанските организации […]
25/05/2021
Неформалната платформа за транспарентност и отчетност, која е составена од 30 организации, на 20 маj 2021 г., одржа состанок со членките на кој ги сумираше забелешките и коментарите за првиот нацрт на Кодексот на граѓански организации. Покрај тоа, беа споделени искуствата на граѓанските организации од Албанија преку организацијата Партнерс Албанија кои исто така се во […]
08/04/2021
На 30 март 2021 година, на посебен настан беа презентирани резултатите на пет македонски мрежи на граѓански организации, кои, благодарение на поддршката од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ ги зајакнаа своите капацитети за транспарентно и отчетно работење. Македонските мрежи на граѓански организации ги креираа или ревидира своите стратешки документи и […]
12/03/2021
Неформалната платформа за транспарентност и отчетност, која е составена од 30 организации, на 10 март 2021 г., одржа работилница за подготовка на Кодекс на граѓански организации. Подобрување на внатрешното работење, наметнување добар стандард во секторот и поттик за постојано подобрување на организациите што ќе доведе до зголемување на довербата на граѓаните и донаторите во граѓанските […]
12/03/2021
Македонскиот центар за меѓународна соработка ја подготви и објави анализата: Финансирање на граѓанските организации во време на Ковид-19: случај на доделување средства од Владата во 2020 година која, се осврнува на критичните точки од постапката за доделување на средствата за граѓански организации од страна на Генералниот секретаријат при Владата на РСМ. Разгледувајќи го овој најнов случај на […]
27/01/2021
На 20 јануари 2021 г., преку онлајн платформата ЗООМ, се одржа работилница на која беше презентиран механизмот за саморегулација на граѓански организации во Хрватска, наречен ОК2015. Слаѓана Новота од организацијата СМАРТ и една од авторите и спроведувачите на хрватскиот систем за саморегулација, на учесниците им го пренесе искуството за предизвиците со кои се соочиле при […]