Категорија: Вести

Повик за учество на дводневна обука

23/04/2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од ЕУ објавува Повик за учество на обука за финансиско управување и финансиска транспарентност. Обуката за финансиско управување и финансиска транспарентност има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за подобрени […]

Поднесени 97 апликации за грантовите за транспарентност

07/03/2019

Во рамки на јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на ГО, референтен бр. 11-49/3-2019 пристигнати се 97 апликации. Пристигнати се апликации од сите плански региони во земјата и тоа: Скопски регион  46 апликации Вардарски регион 5 апликации Источен регион 6 апликации Југозападен регион 9 апликации Југоисточен регион 5 апликации Пелагониски регион 14 апликации […]

Достапни се одговорите на прашањата од инфо-сесиите за грантови

08/02/2019

Повеќе од 80 претставници на граѓанските организации учествуваа на трите информативни сесии за грантовите за транспарентност кои што беа организирани во Скопје, Битола и Штип. Тие поставија повеќе од 30 прашања во врска со процесот на аплицирање и со спроведувањето на проектот, а тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка ги одговори електронски и тие […]

Информативна сесија за повик за доделување грантови

29/01/2019

Транспарентноста и отчетноста се едни од најважните елементи на доброто управување. Праксата и теоријата покажуваат дека транспарентното работење помага во намалувањето на корупцијата, го подобрува организациското управување и промовира поголема отчетност. Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат се покануваат на три информативни сесии: на 4 февруари (понеделник) 2019г. во МЦМС од 12 до 14 […]

Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови

24/01/2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската […]

Средби со грантистите: следење на постигнатото и дополнителна поддршка за реализирање на проектите

22/01/2019

Со цел да се воспостави дополнителна линија за поддршка за граѓанските организации кои добија грант за унапредување на внатрешните организациски структури на управување, тимот на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ организираше средби со сите 10 грантисти. Грантистите низ овие менторски среди добија можност да го потенцираат постигнатиот напредок, но и да […]

Доделени 10 грантови за унапредување на внатрешните структури на управување

21/12/2018

Се финализираше постапката за избор на 10 грантови во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање за граѓански организации“. Добитници на грантовите се следните организации: Finance Think – Институт за економски истражувања и политики; Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста Субверзивен фронт; Здружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни […]

Информативна сесија за грантови за транспарентно и отчетно работење на граѓанските организации

21/12/2018

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативната сесија што беше организирана на 26 април 2018 година во просториите на МЦМС. Јасмина Чаушоска, грант менаџер на проектот детално ги презентираше документите – Упатството и Формуларот за аплицирање. Таа зборуваше за приоритетните области за пријавите и за подобните и неподобните трошоци. Целта на  повикот е зајакнување на капацитети на граѓанските организации […]

Грантови за транспарентно и отчетно работење на граѓанските организации

21/12/2018

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објави повик за доделување на грантови. Целта на овој повик е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. Право да се пријават имаат организациите кои се регистрирани согласно законот за здруженија и фондации и […]

Отоврено писмо до граѓанските организации за одбележување на Глобалната недела за отчетност

12/11/2018

Почитувани претставници од граѓанските организации, Ве повикуваме да ни се придружите во одбележувањето на Глобалната недела на отчетност во период од 12 до 16 ноември 2018 година. За нас е важно оваа недела сите заедно да покажеме дека имаме волја да ги промовираме и практикуваме 12-те заложби од Глобалниот стандард за отчетност, за она што […]