Повеќе од 10 претставниците на мрежи на граѓански организации присуствуваа на Информативната сесија за презентација на повикот за грантови за мрежи. На информативната сесија Илина Нешиќ, извршна директорка на БЦСДН, го презентираше упатството за аплицирање, формуларот за аплицирање како и целите и резултатите на повикот. Подетално се дискутираа и предлог активностите и важноста на јакнење на мрежите на граѓански организации во земјата.
Преземете ги прашањата и одговорите кои беа дискутирани на Инфосесијата и оние кои беа доставени по електронски пат.
Заинтересираните мрежи на граѓански организации може да постават прашања поврзани со повикот најдоцна до 25 ноември 2019г. на следната е-адреса: executiveoffice@balkancsd.net
Рокот за доставување на апликации е 29 ноември 2019г. најдоцна до 16 часот.
Преку овој тип на поддршка се очекува зајакнување на работата на мрежите за отчетно и транспарентно работење. Максималниот износ за кој може да се достави предлог-проект е 4.400 евра (270.600 МКД), а ќе се доделат најмалку 5 грантови.
Повикот е дел од програмата на МЦМС „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, што се спроведува во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за граѓански организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансиски поддржана од Европската Унија.