Во овој билтен може да се информирате за спроведените активности и исходи во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Во него може подетално да се запознаете со досега реализираната шема за регрантирање, градењето на капацитетите и застапувањето за подобрување на државното финансирање на граѓанските организации на централно ниво.
Програмата има за цел создавање на ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои делуваат во поддржувачка финансиска околина. Повеќе информации за програмата може да добиете на www.otcetnigo.mk и www.mcms.mk.
Програмата е финансирана од Европската Унија.