Почитувани претставници од граѓанските организации,
Ве повикуваме да ни се придружите во одбележувањето на Глобалната недела на отчетност во период од 12 до 16 ноември 2018 година. За нас е важно оваа недела сите заедно да покажеме дека имаме волја да ги промовираме и практикуваме 12-те заложби од Глобалниот стандард за отчетност, за она што сакаме да го постигнеме како граѓански организации, кој е нашиот пристап кон промените за кои работиме и какво е нашето интерно работење.
Се што треба да направите е да ја составите Динамичната коцка и да ги споделите Вашите практики за отчетност и транспарентност на социјалните медиуми користејќи го хаштагот #BeAccountable.
Отоврено писмо до граѓанските организации за одбележување на Глобалната недела за отчетност