Повикот за грантови за транспарентност е во тек. Но, заради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласување на вонредна состојба во државата, апликациите може да се доставуваат само по електронски пат. Рокот за доставување на апликациите е продолжен до 31 март 2020г, до 16:00 часот.
Апликациите треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: fiv@mcms.mk со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на апликација со повратен одговор на нивната електронска порака.
Апликациите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:
Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање и последните Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање.
Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки.