Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ објавува:
ПОВИК за учество на
ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа:
Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа ќе биде комбинација на следење на претходно снимени видео сесии и во живо ЗООМ сесии со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Учесниците за усвојување на оваа материја ќе имаат можност да вежбаат низ практични примери со задавање на задачи.
За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата. Точните датуми за следење на обуката ќе ги утврдиме по изборот на учесниците. Обуката ќе се реализира во месец јуни 2020 година. Учесниците ќе треба да следат видео презентации и да се вклучат на групни ЗООМ состаноци во живо. Затоа ќе биде неопходно учесниците да имаат пристап до интернет и компјутер.
Обуката ќе ја води Вероника Водлан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија. Таа има големо искуство во граѓанскиот сектор и повеќе од 15 години искуство во управување со програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот. Вероника е дел од низа меѓународни иницијативи и програми, а од 2009 до 2014 беше офицер за грантови за НВО програмата на ЕЕА и Норвешка.
Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (агенда, задачи и потврди за учество).
Пријава за обуката и рок за пријавување
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата најдоцна до 16 јуни (вторник) 2020 година.
Селекција на учесници
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои имаат подолго работно искуство во граѓанските организации ќе имаат предност.
Дополнителни информации Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 15 јуни 2020 година.
Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.