Се финализираше постапката за избор на грантовите за транспарентност, по што се доделија седум грантови на следните граѓански организации:
Грантистите делуваат во седум различни сектори и тоа: маргинализирани лица; култура; медиуми и информатичко општество; земјоделство и рурален развој; млади; родова еднаквост; човекови права и антидискриминација.
Со помош на овие грантови здруженијата ќе спроведат организациски ревизии, ќе изготват и објават организациски извештаи; ќе подготват комуникациски стратегии; ќе изработат нови и ќе се подобрат постоечките веб страници на здруженијата; ќе се обучат за транспарентно и отчетно работење; ќе стекнат нови вештини за користење на онлајн алатки за известување; ќе ги ревидираат постоечки и креираат нови стратешки документи; итн. Овие активности ќе придонесат кон подобри практики за транспарентно известување на организациските проекти и активности и ќе ги доближат организациите до своите корисници.
Секоја од организациите доаѓа од различен плански регион, па така со овие грантови опфатени се скопскиот, вардарскиот, југоисточниот, полошкиот, пелагонискиот, источниот и југозападниот регион. Во поглед на искуството, една организација е активна последните две години, четири организации имаат искуство помеѓу пет и 13 години, а една е активна веќе 30 години.
Одзивот на граѓанските организациите и на овој повик беше голем што значи дека организациите ја препознаа користа и потребата од подобрување на практиките на транспарентност и отчетност. Пристигнаа 67 апликации, од кои 54 ја поминаа административната и оценката за подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет.
Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.