Економски и одржлив развој
Операционализација на Стратегијата за мониторинг и евалуација 2018-2020 и воспоставување систем за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените
Унапредување на процесот на мониторинг и евалуација во Фајнанстинк, воспоставување на процес на оценка на учинокот и ефикасноста на вработените во институтот.
Заокружување на процесот на мониторинг и евалуација во организацијата; воспоставување на тестиран процес за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените и добивање на позитивно независно мислење за процесот на управување со Фајнанстинк. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: рамка за мерење на индикатори на Стратегијата; изработка на Правилник за оценка на учинокот и ефикасноста на вработените; спроведување на правилникот; студиска посета во земји од регионот; споделено искуство со странски експерт кој ќе престојува во организацијата и др. Временскиот период е 18 месеци. Буџетот изнесува 461.212 денари.
Социјално хуманитарни активности
Со поголема транспарентност до поголемо влијание
Унапредување на работата на Црвен крст на град Скопје во делот на сметководственото и финансиското работење, материјално- магацинското работење, логистика, кадровска евиденција и пресметка на плати.
Подобрување на процедурите за работа на Црвен крст на град Скопје за навремен и соодветен одговор на потребите на населението; да се зајакнат организациските и човечките капацитети за транспарентност во работењето и отчетност и саморегулација на работењето. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: формирање на работна група на ниво на Црвен крст на град Скопје; координативни состаноци и работилници за дефинирање на нови процедури за работа; теренски посети; креирање и воведување на современ софтвер; обуки за вработените лица и практикантите во Црвен крст за користење на софтверското решение и полнење на системот и прирачник; креирање на нови документи и адаптација на интерните правилници/процедури за финансиско, материјално, магацинско, административно и сметководствено работење, како и документи кои ќе ги регулираат интерните процедури во организацијата и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 455.600 денари
Заштита на маргинализираните лица
Воспоставување на внатрешни политики и процедури за добро владеење
Спроведување на сеопфатен и транспарентен процес за ревидирање на постоечките и за воспоставување на нови организациски политики и процедури за унапредување на системите за раководење со човечките ресурси и за административни и финансиски процедури.
Воспоставување на ефикасна структура и ефикасен систем за оперативен менаџмент, за раководење со човечките ресурси и за спроведување на административните и финансиските процедури, како и да се унапредат меѓучовечките односи, да се подобри тимската работа и да се поттикне мотивација кај внатрешните конституенти на ХОПС. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: спроведување на обука и консултантски процес за оперативен менаџмент, обука и консултантски процес за раководење со човечките ресурси и обука и консултантски процес за административни и финансиски процедури наменети за сите долгорочни раководни структури во ХОПС; ревизија и надградба на постоечкиот правилник за организациски политики и процедури; дводневна организациска работилница за заедничко усогласување на ставовите и за конечно дефинирање на правилникот за организациските политики и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 457.200 денари.
Развој на локалната демократија
Фокус во фокусот
Ревидирање на постојните внатрешни правила и процедури и воспоставање нови правила за проектен менаџмент и зајакнување на човечкиот капацитет на фондацијата за проценка на влијанието на фондацијата во заедницата.
Воспоставување на нови правилници за работа и зголемување на транспарентноста и демократското управување. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: ангажирање на експерт/и за институционален развој; работилници за ревидирање на постојните правила и процедури; студиска посета на партнерска организација во Р. Словенија со цел пренесување на добрите практики за добро управување; подготовка на финален прирачник со внатрешни правила и процедури на фондацијата и тренинг на две локални граѓански организации за добро управување. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.250 денари
Социјална заштита и заштита на децата
Креирање и имплементирање на развојна внатрешна организациска структура и оптимизација на интерните процеси и процедури за успешно работење
Воспоставување функционална и оперативна внатрешна структура што ќе ги следи стратешките цели за брз и соодветен одговор на попатните предизвици и потреби за промени и адаптирање.
Воспоставување на нова организациска структура и нова систематизација; воспоставување на систем од процедури и јасно дефинирани комуникациски канали и систем за мониторинг и евалуација; планско, транспарентно и јасно трошење на финансиски средства; зголемен број на волонтери; план за развој и организациска одржливост и перформанс менаџмент план (PMP) и вработување на Оперативен директор. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: поставување на развојна внатрешна структура; дефинирање на методологија за конципирање на вредности на секое работно место и систематизација, дефинирање на Методологија и алатки за континуирана евалуација на вработените; правилник за алокација на средства генерирани од донации и економски активности; формирање на волонтерски центар; работилници за перформанс менаџмент план (PMP) и ре евалуација на Стратегиски план; подготовка на план за развој и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.247 денари.
ЛГБТИ права во Р. Македонија
Кон унапреден одговор на екстерните предизвици преку зајакната организациска структура
Зајакнување на интерните организациски капацитети за унапредено справување со предизвиците од надворешното опкружување.
Унапредување на финансиското работење на организацијата; унапредување на работните односи во организацијата како и унапредување на стратегиските документи на организацијата. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: изработка на правилници за финансиско работење, благајничко работење, за набавки, работа и работни односи, чување и циркулација на документација и управување со постојаните средства; организирање на годишна конференција за презентација на работата на С-Фронт; дизајн и дисеминација на годишен наративен и финансиски извештај и е-билтен; ревизија на Визија, Мисија, Стратешки цели и Вредности на организацијата; изработка на стратешки план за 2019-2020; организација на годишно собрание на организацијата; деловник за работа на Управниот одбор. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.138 денари.
Добро владеење
Усовршување на структурата за добро управување на АЛДА Скопје
Усовршување на структурата за добро управување воспоставена во АЛДА Европа и нејзино трансферирање во работата на АЛДА Скопје преку внатрешна и надворешна ревизија на постоечките документи и системи за внатрешно управување; зајакнување на капацитетите на АЛДА Скопје; зајакнување на капацитетите на граѓанските организации преку трансферирање на знаење, практики и менторство од страна на АЛДА Скопје кон други две помали граѓански организации.
Подобрување на внатрешното управување на АЛДА Скопје преку подобрување на постоечките документи и правилници за внатрешно управување; воспоставување на современи одредби во организациските документи за транспарентност и отчетност; да се подобрат капацитетите на вработените; да се зајакнат капацитетите за добро управување и раководење на две граѓански организации. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: менаџмент и координација; комуникации и видливост; подобрување и приспособување на постоечките документи за внатрешно управување (внатрешна и надворешна ревизија); зајакнување на капацитетите за управување; студиска посета во канцеларијата на АЛДА Европа во Виченца, Италија; обука за стратешко планирање и раководење во рамките на студиска посета; обука за сметководство и административно работење; менторство и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 461.240 денари.
Медиуми
До поголема отчетност и транспарентност преку учество и инклузија
Постигнување поголема соработка и одѕив од страна на граѓаните со СЕММ за да се постигне поголема препознатливост на саморегулативното тело како одговорна и транспарентна организација што дејствува во интерес на граѓаните и подигнување на професионалноста во медиумското известување.
Зголемени капацитети на органите на СЕММ за размена на информации и колективно одлучување; зголемена отчетност, транспарентност и одговорност кон граѓаните и општата јавност и зацврстување на соработката меѓу саморегулативното тело и граѓаните и општата јавност. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: анализа на процедурите за внатрешна поврзаност и размена на информации меѓу органите на Советот за етика во медиумите; организирање работилница за механизми на внатрешно поврзување, ефективна размена на информации и моделите на транспарентност и отчетност; организирање дебата и консултации со граѓаните за механизмите на транспарентност и повратни реакции; подготовка на стратегиски план за внатрешно поврзување на органите на СЕММ; информирање на граѓаните за механизмите на транспарентност, отчетност и вклучување во работата на СЕММ и др. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 456.562 денари.
Социјална заштита и заштита на децата
Организациско јакнење и оптимизација на институционалниот капацитет на ИЗБОР
Подобрена имплементација на практиките, процедурите и правилниците кои се усвоени од организацијата и по завршување на проектот и поголемо задоволство и мотивација кај вработените во организацијата.
Подобрени внатрешни системи преку хармонизација и ревидирање на постоечките процедури, воспоставени правилници за добро управување во нашата организација; почитување на практиките, процедурите и правилниците кои се усвоени од организацијата и по завршување на проектот и поголемо задоволство и мотивација кај вработените во организацијата. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: обезбедување на експертска поддршка за подобрување на финансиските и сметководствени процедури; подготовка на политика и правилник за регрутирање и унапредување на вработените, системи за надоместоци и иницијативи; развивање на систем на следење на квалитет; изготвување на политика за превенција на организацијата за конфликт на интерес; надоградба и ревизија на сегашната програма за волонтирање и практиканство и стратешко планирање, ревидирање на стратегијата и правење на акциски план за 2019. Временскиот период е 18 месеци. Буџетот изнесува 449.800 денари.
Млади
Јакнење на корените
Воспоставување на процедури и практики за добро управување на органите на Сојузот на извидници на Македонија..
Управниот одбор на Сојузот на извидници на Македонија ги разбира своите обврски и улога, принципите на добро управување и ефективно управува со организацијата на редовни седници; канцеларијата на Сојузот на извидници на Македонија работи според уредени правила и процедури кој гарантираат ефективна имплементација на стратешките документи на организацијата; извидничките одреди, членки работат и имплементираат активности на локално ниво според утврдени процедури и правила кој се базирани на принципите на добро управување. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: организирање на воведен Тренинг (Induction) за членовите (7) на Управниот одбор на СИМ за нивната улога и обврски; организирање на тренинг за воспоставување и употреба на принципите за добро управување; организирање на тим-билдинг викенд за подобрување на работата на Управниот Одбор на СИМ; воспоставување на модули за обука на кадри за добро владеење; побарување на управувањето од страна на канцеларијата на организацијата; организирање на работен викенд за утврдување на слабостите на перформансот на канцеларијата на СИМ; воспоставување правила и процедури за работата на Канцеларијата на СИМ, базирани на принципите за добро управување; организирање на тим-билдинг викенд за подобрување на работата на канцеларијата на СИМ; организирање средби на управувачките структури на одредите за утврдување на процедури и правила во работата на локално ниво. Временскиот период е 12 месеци. Буџетот изнесува 460.160 денари.
Млади
Млади на иста фреквенција
Подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.
Усвоена комуникациска стратегија на организацијата, за унифицирано пренесување на пораки во јавноста и кон младите; изготвени документи за редовно месечно известување; дисеминирана комуникациска стратегија за унифициран пристап до сите тела; креирани и дисеминирани три видеа за промоција; креирана програма за дисеминирање и видливост на успешните приказни; стекнати знаења, алатки, методи и начини за поголема видливост на активностите; подобрени практики за известување и видливост на организациските програми и проекти, активности, резултати и мобилизирани средства; усвоена годишна програма за алтернативно финансирање на активностите; креиран и дисеминиран водич за лобирање и транспарентно мобилизирање на средства и ресурси потребни за организирање на годишната програма; креирана база на компании, годишни поддржувачи на активностите. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: изработка на комуникациска стратегија; креирање на промотивни видеа за Младите можат; бележење на искуствата на „Младите што можат“; градење на капацитети за Извршна канцеларија и членство за транспарентно работење и видливост на активностите; редовно годишно Собрание на Младите можат; креирање на годишна стратегија за алтернативно финансирање на активностите на Младите можат. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.000 денари.
Родова еднаквост
Транспарентноста како дел од одржливоста на РАЖМ Лулуди
Зајакнати организациски капацитети за транспарентно известување кон општата јавност, донаторската заедница и соработниците.
Подготвени 2 организациски ревизорски извештаи за 2017 и 2018 година; креирана листа на препораки за подобрување на организациското работење; стекнување вештини за подготовка на податоци и документи потребни за спроведување на организациска ревизија; подготовка на два годишни наративни и финансиски извештаи; подготвен правилник на организацијата за подготовка на документи за транспарентно известување; публикувани два годишни наративни и финансиски извештаи на организацијата, преку официјалната веб страна на Лулуди, споделени на мрежа на соработници, членови на организацијата и донатори. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: подготовка на годишни организациски ревизорски извештаи; организирање на обука за пишување на годишни наративни и финансиски извештаи; пишување на годишни наративни и финансиски извештаи; дизајн на годишни извештаи и публикување на истите. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 246.000 денари.
Наука, образование и доживотно учење
Подобрување на транспарентноста и отчетноста, преку комуникациски пристапи и механизми
Зајакнување на транспарентноста и отчетноста на организацијата, преку зголемување на видливоста и воспоставување функционални и ефикасни алатки и канали за комуникација со јавноста.
Креирана Комуникациска стратегија на организацијата; изградени капацитети за јасно и ефикасно комуницирање со јавност; креирана функционална и ефективна веб страница на организацијата; креирани 2 кратки видеа за промоција на организацијата, нејзината визија, мисија, цели, како и главни достигнувања; креиран систем за поголема транспарентност и отчетност на организацијата во форма на периодичен билтен. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: спроведување менторски процес за креирање Комуникациски стратегии, како алатка за ефикасно комуницирање на организацијата со јавност; спроведување дводневна обука за комуницирање и односи со јавност за членовите на Извршната канцеларија; креирање на нова, ефективна и функционална веб страница на; креирање на 2 кратки видеа за промоција на организацијата; креирање и дисеминирање на билтен како алатка за информирање на јавноста и конституентите на ЛЕАД. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.120 денари.
Доброволен противпожарен сектор
Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите
Да се унапреди видливоста и препознатливоста на ДПД во средината и пошироко, преку подобрена транспарентност и отчетност на организациската работа кон своите конституенти и донатори.
Зајакнати капацитети на извршните и одлучувачки тела на ДПД со знаења и вештини за транспарентно и отчетно работење и известување; детектирани недостатоци и можности во работењето на ДПД и како да се трансферираат во развојна стратегија; креирани нови и унапредени веќе постоечки алатки за презентирање на работата на ДПД и информирање на конституентите. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: четиридневен тренинг за зајакнување на капацитетите на извршните и одлучувачки структури и членството на ДПД; подготовка, печатење и дистрибуција на наративен и финансиски извештај за 2018 година; спроведување на организациска евалуација и креирање развојна стратегија; спроведување на организациска ревизија; креирање на промотивно видео за волонтерството и работата на ДПД; отворен ден за граѓаните на општина Свети Николе. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 221.219 денари.
Центар на заедницата на општина Струга
Граѓанско учество и локална демократија
Транспарентност и отчетност – Проект за јакнење на организациските капацитети
Унапредување на транспарентноста на организацијата преку јакнење на капацитетите на организацијата и подобрување на внатрешните процедури за известување и информирање на јавноста за работата на организацијата.
Унапредена транспарентност при трошењето на финансиските средства и информирање за резултатите од спроведените активности што ќе обезбеди оправданост на потрошените средства; поголема информираност на заедницата преку презентација на активностите, постигнатите резултати, добри пракси и успешни приказни; добиени коментари и препораки од страна на заедницата за подобро планирање на идните активности; надворешна ревизија и верификација на трошењето на средствата, при што ќе се утврди дека организацијата работи во согласност со законските прописи и внатрешните финансиски процедури. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: публикување и печатење на годишен извештај за 2018 година; објавување наративни и финансиски извештаи на веб страната на организацијата; публикување на флаер за работата на здружението Центар на заедница на општина Струга; организирање на настан за презентација на програмските активности и годишниот извештај; подготовка на ревизорски извештај за финансиското работење на организацијата за 2018 година. Временскиот период е 4 месеци. Буџетот изнесува 231.482 денари.
Млади
Активно вклучување на младите во организациските практики на Младински Совет Прилеп
Подобрена комуникација на МСП со младите луѓе во Општина Прилеп преку употреба на дигитални комуникациски алатки.
Зајакнати капацитети на МСП за транспарентно известување и подобрено известување за организациските постигнувања. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: обука за користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати; видео со анимација за известување за организациските постигнувања; oтворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП; промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП. Временскиот период е 6 месеци. Буџетот изнесува 245.982 денари.
Човекови права и антидискриминација
Транспарентност и отчетност за поголема поддршка од заедницата
Зголемување на степенот на транспарентност, отчетност и одговорно работење на ЛГБТ Јунајтед Тетово.
Обучен кадар на ЛГБТ Јунајтед Тетово за отчетно и транспарентно работење кон корисниците, целните групи и јавноста преку пишување на годишни наративни извештаи и објавен годишен наративен финансиски извештај; поголема видливост на организацијата на локално ниво во градовите Тетово, Гостивар и Струга. Резултатите ќе се постигнат преку повеќе активности како: обука за вработените во ЛГБТ Јунајтед Тетово за јакнење на капацитетите на вработените за пишување на годишни наративни извештаи; објава на финансиските и програмските извештаи во традиционални и социјалните медиуми; подобрување на веб-страницата на организацијата спроведување на текстови на јазиците на малцинствата кои живеат во Македонија); печатење на информативни флаери за работата на ЛГБТ Јунајтед Тетово и услугите кои ги нуди за ЛГБТ заедницата; организирање на отворени денови во неколку градови во Македонија за информирање на граѓаните со работата на ЛГБТ Јунајтед Тетово. Временскиот период е 5 месеци. Буџетот изнесува 245.035 денари.