Датум: септември 2021
PDF MKD: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/11/Kodeks-za-gragjanski-organizacii-00000002.pdf
PDF ALB: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/10/Kodeks-za-gragjanski-organizacii-AL.pdf
PDF ENG: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/11/Civil-Society-Code.pdf
Изјава МКД: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/11/Izjava-za-prifakanje-na-Kodeks-MKD.docx
Изјава ALB: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/11/Izjava-za-prifakanje-na-Kodeks-ALB.docx
Изјава ENG: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2021/11/Izjava-za-prifakanje-na-Kodeks-ENG.docx
Овој Кодекс за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еденод најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме налокално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси.Овој Кодекс е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. Кодексот е жива материја и ќе биде промовиран и унапредуван од страна на граѓанските организации доследно и континуирано.
Подготовката на овој Кодекс за ГО произлезе како иницијатива на граѓанските организации кои се дел од неформалната мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации која беше формирана во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“. Во рамки на оваа програмата се реализираа 29 ре-грантови за подобрување на транспарентноста и отчетноста. А, грантистите како критична маса на граѓански здруженија кои работеа на подобрување на својата транспарентност и отчетност беа основата за формирање на мрежата. Дополнително, во рамки на мрежата се вклучија и организации кои веќе ја покриваат темата и работат на полето за добро управување и саморегулација.
Со потпишување на Кодексот и потоа со неговото практикување обезбедуваме поширока отчетност за својата работа и со тоа го потврдуваме јавниот интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните и поширокото општество.
51 граѓанскa организација веќе го потпиша Кодексот, доколку и вашата организација сака да го потпише и почитува, контактирајте не на емаил: asv@mcms.mk или добијте повеќе информации на тел: 070 414 669.