Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ објавува:
ПОВИК за учество на
ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Обуката за управување со ризик во граѓанските организации има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа:
- што се подразбира под управување со ризик и зошто е важен за граѓанските организации;
- како може граѓанските организации да воспостават систем на управување со ризик и кои се бенефитите;
- категории на ризик;
- воспоставување на матрица на ризици;
- анализа на ризици и нивно ублажување;
- и друго.
Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа ќе биде комбинација на следење на претходно снимени видео сесии и во живо ЗООМ сесии со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Учесниците за усвојување на оваа материја ќе имаат можност да вежбаат низ практични примери со задавање на задачи.
За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата. Точните датуми за следење на обуката ќе ги утврдиме по изборот на учесниците. Обуката ќе се реализира во месец јуни 2020 година. Учесниците ќе треба да следат видео презентации и да се вклучат на групни ЗООМ состаноци во живо. Затоа ќе биде неопходно учесниците да имаат пристап до интернет и компјутер.
Обуката ќе ја води Вероника Водлан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија. Таа има големо искуство во граѓанскиот сектор и повеќе од 15 години искуство во управување со програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот. Вероника е дел од низа меѓународни иницијативи и програми, а од 2009 до 2014 беше офицер за грантови за НВО програмата на ЕЕА и Норвешка.
Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (агенда, задачи и потврди за учество).
Пријава за обуката и рок за пријавување
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата најдоцна до 16 јуни (вторник) 2020 година.
Селекција на учесници
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои имаат подолго работно искуство во граѓанските организации ќе имаат предност.
Дополнителни информации Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 15 јуни 2020 година.
Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Покана за учество на онлајн панел дискусијаНи преставува чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на панел дискусија на која ќе ги презентираме податоците од „Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации“.
Панел дискусијата ќе се одржи на 02.06 (вторник) 2020г., од 12:00 до 13:15 часот преку Он-лајн платформата ZOOM.
Регистрирај се за учество на панел дискусијата
Регистрацијата е затворена.
По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.
Панел дискусијата ќе се одвива на македонски јазик.
Дневен ред
12:00-12:10 | Добредојде и вовед во дискусијата Александра Савевска, соработничка на проекти, МЦМС (модератор) |
12:10-12:30 | Презентација на резултатите од Извештајот Милка Ивановска, автор и постдокторантка на Лунд Универзитет, Шведска |
12:30-12:50 | Примери на добри практики за транспарентност и отчетност во Северна Македонија – Билјана Петровска, проектна менаџерка, Национална федерација на фармери – Тамара Петковска, претседавачка на надзорниот одбор, Млади европски федералисти – Никица Кусиникова, извршна директорка, Конект |
12:50-13:00 | Градење на доверба во граѓанскиот сектор: научени лекции Александар Цеков, истражувач, Центар за истражување и креирање на политики |
13:00-13:15 | Прашања и дискусија |
За било кое прашање поврзано со овој настан слободно обратете се на Александра Савевска на следниот емаил: asv@mcms.mk.
Имено, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од своето постоење посветено работи на зајакнување на капацитети за отчетно и транспарентно работење на граѓанските организации. Досегашните истражувања укажуваат на потреба од подобрување на доброто управување во граѓанските организации, и особено на потребата од поголема посветеност на организациите за саморегулација во граѓанскиот сектор и следење на глобалните трендови за отчетност и транспарентност кон јавноста.
Со цел да ги увидиме тековните практики во земјата го подготвивме овој Извештај со кој се идентификуваат управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн.
Извештајот е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Седум нови грантисти ќе работат на подобрување на својата транспарентностСе финализираше постапката за избор на грантовите за транспарентност, по што се доделија седум грантови на следните граѓански организации:
- Здружение на еднородителски семејства— Една може;
- Здружение за култура и развој на креативни индустрии— Култ-Транзен;
- Центар за развој на медиумите на заедниците— Медиум;
- Здружение Мрежа на млади фармери;
- Здружение на граѓани Надеж– Норе;
- Здружение Организација на жените на општина Свети Николе;
- Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т.
Грантистите делуваат во седум различни сектори и тоа: маргинализирани лица; култура; медиуми и информатичко општество; земјоделство и рурален развој; млади; родова еднаквост; човекови права и антидискриминација.
Со помош на овие грантови здруженијата ќе спроведат организациски ревизии, ќе изготват и објават организациски извештаи; ќе подготват комуникациски стратегии; ќе изработат нови и ќе се подобрат постоечките веб страници на здруженијата; ќе се обучат за транспарентно и отчетно работење; ќе стекнат нови вештини за користење на онлајн алатки за известување; ќе ги ревидираат постоечки и креираат нови стратешки документи; итн. Овие активности ќе придонесат кон подобри практики за транспарентно известување на организациските проекти и активности и ќе ги доближат организациите до своите корисници.
Секоја од организациите доаѓа од различен плански регион, па така со овие грантови опфатени се скопскиот, вардарскиот, југоисточниот, полошкиот, пелагонискиот, источниот и југозападниот регион. Во поглед на искуството, една организација е активна последните две години, четири организации имаат искуство помеѓу пет и 13 години, а една е активна веќе 30 години.
Одзивот на граѓанските организациите и на овој повик беше голем што значи дека организациите ја препознаа користа и потребата од подобрување на практиките на транспарентност и отчетност. Пристигнаа 67 апликации, од кои 54 ја поминаа административната и оценката за подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет.
Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.
Поднесени 67 апликации за грантовите за транспарентност
Во рамки на јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на граѓански организации, референтен бр. 11-26/1-2020 пристигнати се 67 апликации. Пристигнати се апликации од сите плански региони во земјата и тоа:
- Скопски регион 25 апликации
- Вардарски регион 4 апликации
- Источен регион 8 апликации
- Југозападен регион 4 апликации
- Југоисточен регион 7 апликации
- Пелагониски регион 9 апликации
- Полошки регион 5 апликации
- Североисточен регион 5 апликации
Апликациите се процесираат за административна и проверка за подобност. Оние апликации кои ќе ја поминат административната и проверката за подобност ќе продолжат понатаму во процесот на евалуација. Во рамки на овој повик ќе се доделат минимум 7 грантови со кои граѓанските организации ќе можат да си ги подобрат практиките за транспарентно работење. На сите учесници во процесот им посакуваме многу среќа.
Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унијa.
Достапни се прашањата и одговорите поврзани со повикот за грантови за транспарентност на граѓански организацииПроектниот тим даде одговори на вкупно 59 прашања кои беа поставени на информативната сесија за повикот за грантови за транспарентност и беа доставени по електронски пат. Прашањата и одговорите можете да ги преземете на следниот линк: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/03/prasanja-i-odgovori-za-povikot11.03.2020.pdf
Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање и Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
- Формулар за аплицирање;
- Буџет;
- Копија од тековната состојба не постара од 6 месеци.
Рокот за поднесување на апликациите е 31 март 2020г., до 16:00 часот. Апликациите може да се доставуваат само по електронски пат на адресата fiv@mcms.mk со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.
Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Планираните средства за распределба во рамките на овој повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). А, ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.
Повикот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски патПовикот за грантови за транспарентност е во тек. Но, заради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласување на вонредна состојба во државата, апликациите може да се доставуваат само по електронски пат. Рокот за доставување на апликациите е продолжен до 31 март 2020г, до 16:00 часот.
Апликациите треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: fiv@mcms.mk со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на апликација со повратен одговор на нивната електронска порака.
Апликациите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:
- Пополнет формулар во Word документ;
- Скенирана верзија од Изјавата на апликантот која во себе ќе содржи име на правниот застапник; позиција на правниот застапник; потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;
- Пополнет буџет во Excel документ;
- Копија од тековна состојба не постара од 6 месеци.
Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање и последните Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање.
Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки.
Грантовите за транспарентност одлична можност за организациско зајакнувањеНеколкумина претставници на граѓански организации, на 10 март 2020 година ги раскажаа своите искуствата од спроведувањето на грантовите за транспарентност што ги додели МЦМС во текот на 2019 година.
За Благица Петрески од „Фајнанс тинк“, ваквата поддршка е одлична можност да се работи на внатрешни, организациски прашања. „Ние, граѓанските организации, во работата, често се водиме од повиците на донаторите, а не директно од целите кои сме си ги зацртале. Овој грант ни помогна да поставиме индикатори за секоја од целите,“ рече таа. Петрески потенцираше дека нејзината организација продуцира анализи кои се наменети за корекција на политиките, но не секогаш знаат колку тие анализи навистина имаат влијание на политиките. „Направивме анкети и интервјуа и сега имаме алатка која ни помага да видиме кои анализи имаат влијание, а кај кои е потребно да се прават подобрувања“.
И за Анита Николовска од „Младите можат“ овој грант е одлична можност да се работи на организациски прашања. „Успеавме да подготвиме Стратегија за комуникации и Стратегија за алтернативно финансирање, а потоа и да ги зајакнеме внатрешните капацитети за овие стратешки прашања“, рече Николовска.
Покрај нив, за своите искуства зборуваа и Илија Станковски од ЛЕАД, Инес Амет од Лулуди и Убавка Јаневска од Фокус од Велес.
Овие искуства ќе им послужат на организациите кои се заинтересирани да поднесат пријави за новиот повик за грантови за транспарентност објавен на 26 февруари 2020 година. Повеќе информации за самиот повик беа презентирани во вториот дел на настанот кој всушност беше инфо сесија за него. Рокот за доставување на пријавите е 31 март 2020 година.
Преземете ги прашањата и одговорите кои беа дискутирани на инфосесијата и оние кои беа доставени по електронски пат.
Настанот е дел од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.
Јавен повик до граѓанските организации за доделување грантови за транспарентностМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку една година пред објавата на повикот. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на грантовите за транспарентност изнесува 52.000 евра (3.198.000,00 МКД). Планираните средства за распределба во рамките на овој повик изнесуваат 28.000 евра (1.722.000,00 МКД). А, ќе се доделат најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.
Рокот за поднесување на апликациите е 31 март 2020г., до 16:00 часот. Апликациите може да се доставуваат само по електронски пат на адресата fiv@mcms.mk со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.
Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки.
Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат на повикот за грантови за транспарентност се покануваат на инфо сесија:
🔸 на 10 март (вторник) 2020г. во х. Арка, Скопје од 11 до 13 часот
За време на сесијата ќе се презентираат резултатите и спроведените активности од претходните грантови за транспарентност. А, присутните ќе можат да поставуваат прашања и да добијат јасни насоки за процесот на апликација и селекција.
Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на инфрмативната сесија да го најавите своето присуство однапред, а најдоцна до 9 март (понеделник) 2020 г. на jch@mcms.mk.
Facebook event: https://www.facebook.com/events/2462719903833960/
Преземете ги прашањата и одговорите кои беа дискутирани на инфосесијата и оние кои беа доставени по електронски пат.
Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање и Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
- Формулар за аплицирање;
- Буџет;
- Копија од тековната состојба не постара од 6 месеци.
Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања, може да се обратите преку е-пошта на јch@mcms.mk со назнака: Референтен број: 11-26/1-2020.
Ве молиме проследете го овој повик до сите граѓански организации кои би биле заинтересирани.
Практиките за отчетност од Јужна Америка пренесени кај нас„Отчетните и транспарентни граѓански организации се поотпорни на надворешни закани и имаат поголемо влијание во општеството“, истакна Анабел Круз, директор и основач на Институтот за комуникации и развој од Уругвај и претседавач со одборот на ЦИВИКУС- Светската алијанса за граѓанско учество, на нејзината средба со соработниците на МЦМС и грантистите на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“. Според неа, отчетноста може да послужи и како алатка за промоција и подобрување на легитимитетот и интегритетот на здруженијата.
Круз ги сподели последните случувања во рамки на мрежата ЦИВИКУС и го пренесе нејзиното искуство во формирањето и водењето на регионалната мрежа од Јужна Америка „Rendir Cuentas“ (Биди отчетен). Мрежата ги промовира принципите на отчетност и транспарентност и ги поддржува организациите од Јужна Америка во процесот на само-оценување. Истовремено, Круз го поздрави формирањето на Мрежата за отчетност и транспарентот во Северна Македонија како исчекор кон успешно исполнување на принципите на добро владеење во граѓанскиот сектор.
Таа ја претстави и новата апликација за граѓански организации, Rendir APP, која е алатка за самооценка наменета за подобрување на нивната отчетност. Преку неа, на брз и лесен начин здруженијата можат да оценат колку се блиску до Глобалниот стандард на отчетност, како и да дознаат во кои области треба да се подобрат. Апликацијата може да се пополнува на македонски јазик, а насоките и препораките се добиваат веднаш по одговарање на сите прашања.
Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува МЦМС, а финансирана е од Европската Унија.
Алатка за транспарентни и отчетни граѓански организации!Во период од 28 до 30 јануари во Охрид 7 претставници на мрежи на граѓански организации присуствуваа на работилница за подобрување на практиките на транспарентност и отчетност. Работилницата ја водеше Анабел Круз директор и основач на Институтот за комуникации и развој од Уругвај и претседавач со одборот на ЦИВИКУС: светската алијанса за граѓанско учество/ CIVICUS: World Alliance for Citizens Participation. Анабел Круз е долгогодишен експерт за граѓанско општество, отчетност и граѓанско учество со преку 30 години интернационално искуство. Таа има директно искуство со спроведувањето на Глобалниот стандард за отчетност .
На работилницата Анабел ни го пренесе искуството од саморегулација на граѓанското општество во земјите од Јужна Америка. А, со неа зборуваме за важноста на граѓанските платформи во развојот на граѓанското општество. Преку мрежите на граѓански организации може да се имплементираат различни механизми на саморегулација во секторот. Оваа работилница ги зајакна нашите капацитети за воспоставување на Мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации бидејќи сега и најголемите мрежи дадоа свој придонес во реализирање на оваа иницијатива.
Последната сесија беше посветена на тестирање на новата апликација за само-оценување на граѓански организации app.rendircuentas.org што на шпански значи Биди Отчетен. Rendir APP е алатка за само-оценување наменета за подобрување на отчетноста на граѓанските организации. Алатката преставува брз и лесен начин на само-оценување на организациите во однос на Глобалниот стандард на отчетност како и областите во кои треба да се подобрат.
Содржи 24 прашања поделени во три групи:
- Што сакаме да направиме;
- Нашиот пристап кон промени;
- Нашето интерно работење.
Апликацијата може да се пополнува на македонски јазик, а насоките и препораките се добиваат веднаш по одговарање на сите прашања. Преверете сами!