Најголем дел од мрежите (41%) немаат воспоставени политики кои ја регулираат нивната работа, половина од нив спровеле стратешко планирање, а 48% подготвуваат финансиски извештаи. Ова се дел од податоците објавени во извештајот „Мапирање на практики: ниво на отчетност на мрежите на граѓанските организации“.
Мапирањето беше спроведено за да се идентификуваат практиките и нивото на отчетност и транспарентност на мрежите на граѓански организации во земјава, како и да се подготват препораки за интервенција при градењето на нивните капацитети. Наодите од овој извештај ќе послужат и за програмирање на повикот за грантови за мрежи на граѓански организации кој ќе биде објавен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Истражувањето се спроведе во текот на јануари 2019 година преку онлајн прашалник. Со него беа таргетирани 69 активни мрежи кои дејствуваат во државата, од кои 29 одговорија на прашалникот.
Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ е финансирана од Европската Унија.
е-Билтен бр.1Во овој билтен може да се информирате за спроведените активности и исходи во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.
Во него може подетално да се запознаете со досега реализираната шема за регрантирање, градењето на капацитетите и застапувањето за подобрување на државното финансирање на граѓанските организации на централно ниво.
Програмата има за цел создавање на ефективни, транспарентни и отчетни граѓански организации кои делуваат во поддржувачка финансиска околина. Повеќе информации за програмата може да добиете на www.otcetnigo.mk и www.mcms.mk.
Програмата е финансирана од Европската Унија.
Државното финансирање на граѓанските организации е инвестиција која повеќекратно ќе придонесе во развојот на општествотоПремиерот Зоран Заев на денешната (22.5.2019 год.) конференција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. Тој истакна дека Владата веќе презема чекори и очекувањата се дека по дискусиите со граѓанските организации кои се планирани многу брзо, тој модел би се финализирал веќе во септември оваа година. Премиерот истакна дека со притисокот за транспарентно работење на Владата во 2018 година имаме заштеда од околу 100 милиони евра во буџетот. „Доброто управување заедно со транспарентноста може да алоцира средства за јакнење на граѓанските организации коишто неколкукратно ќе ги вратат назад во буџетот“, додаде тој.
Борис Копривникар, поранешен министер за Јавна администрација и потпретседател на Владата на Република Словенија (2014-2018), го сподели нивниот модел на државно финансирање. Тој одговори на најчестото прашање: зошто граѓанските организации да се финансираат од државниот буџет? „Организациите го зголемуваат општествениот придонес, ги поддржуваат јавните услуги и се коректори на политичките одлуки. Тоа значи дека финансирањето не се сфаќа како донација, туку како плаќање за добрите услуги кои ГО ги вршат“, рече Копривникар.За искуството од Романија и подетално за романската фондација за развој на граѓанското општество говореше нејзиниот директор, Jонут Сибиан. Тој стави акцент на потребата од институција ослободена од политичко влијание, како и на важноста на комплементарното локално финансирање кое го растеретува притисокот врз државата.
Министерката за правда, Рената Дескоска, се осврна на улогата на Министерството по ова прашање со оглед на тоа што е одговорната институција за спроведување на Законот за здруженија и фондации и ја потврди отвореноста на Владата за соработка. Според нејзе, политчката волја постои, а одржливоста на граѓанскиот сектор покрај директната финансиска поддршка зависи и од индиректната поддршка, односно подобрување и на други сегменти од законската и даночната рамка. За Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, организациите веќе треба да размислуваат за наредната скала во процесот, односно воведувањето на критериумите за квалитет и стандардизација. Фани Каранфилова-Пановска, претседателка на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и директор на ФООМ; ја потенцираше улогата на Советот во поттикнувањето на непречен развој на граѓанското општество. „Она што нас треба повеќе да не интересира е како државните механизми и распределбата на средства нема да влијаат на интегритетот на граѓанските организации, а истовремено да ја осигураат нашата одржливост“, додаде таа.
Емина Нурединоска од МЦМС ги сподели податоците за периодот од 2006
до 2019 година, со што јасно се гледа растот на средствата и подобрувањето на
климата за граѓанските организации, иако тие остануваат незначителни споредено
со регионалните практики. Таа
истакна дека целите на подобрениот реформираниот модел за државно финансирање
на граѓанските организации треба да се однесуваат меѓу другото на зголемување на висината на средства
наменети за финансирање на ГО; обезбедување институционална поддршка за граѓанските организации; обезбедување кофинансирање на активностите
кои се поддржани од други донатори
итн.
Се финализираше постапката за избор на грантовите за транспарентност, по што се доделија седум грантови на следните граѓански организации:
- Ромска асоцијација за жени и млади – Лулуди – Скопје
- Здружение на граѓани – Младите можат
- Здружение Лидери за едукација, активизам и развој Скопје
- Доброволно противпожарно друштво- Св. Николе
- Центар на заедницата на општина Струга
- Младински совет- Прилеп
- ЛГБТ Јунајтед – Тетово
Со помош на овие грантови здруженијата ќе спроведат организациски ревизии; ќе изготват и објават организациски извештаи; ќе подготват комуникациски стратегии; ќе изработат веб страни; ќе се обучат за транспарентно и отчетно работење; ќе ја вклучат јавноста во планирањето на активностите; ќе стекнат нови вештини за користење на онлајн алатки за известување; ќе организираат отворени денови; итн. Овие активности ќе придонесат кон подобри практики за транспарентно известување на организациските проекти и активности и ќе ги доближат организациите до своите корисници.
Грантистите делуваат во шест различни сектори и тоа млади; наука, образование и доживотно учење; економски и одржлив развој; човекови права и антидискриминација; граѓанско учество и локална демократија; а едно е професионално здружение.
Тие доаѓаат од пет различни региони и тоа три се од скопскиот, а по еден од вардарскиот, пелагонискиот, југозападниот и полошкиот регион. Во поглед на искуството, две се активни последниве три години, четири имаат искуство меѓу седум и 10 години, а една е активна веќе 20 години. Одзивот на граѓанските организациите на овој повик беше голем што значи дека организациите ја препознаа користа и потребата од подобрување на практиките на транспарентност и отчетност. Пристигнаа 97 апликации, од кои 68 ја поминаа административната и оценката за подобност и беа бодувани од комисијата за квалитет. Најголем дел од апликантите доаѓаа од скопскиот регион (47%), а по него следуваат пелагонискиот со 14% и југозападниот со 9%.
Повик за учество на дводневна обукаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од ЕУ објавува Повик за учество на обука за финансиско управување и финансиска транспарентност.
Обуката за финансиско управување и финансиска транспарентност има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за подобрени практики за добро управување. Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите и тоа:
- следење на финансиските средства во рамки на буџетите во деловите на оперативни и директни трошоци;
- подготовка на финансиски извештај согласно прописите во земјата (Закон за сметководство на непрофитни организации);
- основи за биланс на успех и биланс на состојба;
- разбирање на важноста на диверзификација на фондови и разбирање на карактеристиките на различни финансиски извори (грантови/донации, економски активности, индивидуално давање, членство, спонзорства и донации и сл.);
- разбирање на важноста на долгорочните финансиски планови и проекции;
- и друго.
Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).
За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 29 до 31 мај 2019 година во Битола.
Пријава за обуката и рок за пријавување
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај (петок) 2019 година.
Селекција на учесници
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои доаѓаат од раководните структури во организациите ќе имаат предност.
Дополнителни информации
Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај 2019 година.
Поднесени 97 апликации за грантовите за транспарентностВо рамки на јавниот повик за доделување на грантови за транспарентност на ГО, референтен бр. 11-49/3-2019 пристигнати се 97 апликации. Пристигнати се апликации од сите плански региони во земјата и тоа:
- Скопски регион 46 апликации
- Вардарски регион 5 апликации
- Источен регион 6 апликации
- Југозападен регион 9 апликации
- Југоисточен регион 5 апликации
- Пелагониски регион 14 апликации
- Полошки регион 5 апликации
- Североисточен регион 7 апликации
Апликациите се процесираат за административна и проверка за подобност. Оние апликации кои ќе ја поминат административната и проверката за подобност ќе продолжат понатаму во процесот на евалуација. Во рамки на овој повик ќе се доделат минимум 7 грантови со кои ГО ќе можат да си ги подобрат практиките за транспарентно и отчетно работење. На сите учесници во процесот им посакуваме многу среќа.
Вебинар: Отчетност кон корисници Достапни се одговорите на прашањата од инфо-сесиите за грантовиПовеќе од 80 претставници на граѓанските организации учествуваа на трите информативни сесии за грантовите за транспарентност кои што беа организирани во Скопје, Битола и Штип. Тие поставија повеќе од 30 прашања во врска со процесот на аплицирање и со спроведувањето на проектот, а тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка ги одговори електронски и тие се достапни за сите заинтересирани.
Јасмина Чаушоска, грант менаџер на проектот детално ги презентираше упатството и формуларот за аплицирање. Таа зборуваше за приоритетните области за пријавите и за подобните и неподобните трошоци. Заинтересираните граѓански организации можат да постават прашања поврзани со повикот најдоцна до 18 февруари на е-маил адресата: jch@mcms.mk.
Рокот за поднесување на апликацијата е 25 февруари 2019 г. најдоцна до 17 часот.
Преку овој тип на поддршка се очекува да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за нивно транспарентно работење. Планираните средства за распределба во рамките на повикот изнесуваат 28.000 евра (1.722.000 МКД). МЦМС ќе додели најмалку седум грантови во износ до 4.000 евра (246.000 МКД) по грант. Организациите кои ќе поднесат предлог-проект треба да обезбедат кофинансирање.
МЦМС ќе објави уште еден повик за грантови за транспарентно работење на граѓанските организации во текот на следната година.
Повикот е дел од програмата на МЦМС „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“, што се спроведува во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за граѓански организации (ЦНВОС) од Словенија. Програмата е финансиски поддржана од Европската Унија.
Транспарентноста и отчетноста се едни од најважните елементи на доброто управување. Праксата и теоријата покажуваат дека транспарентното работење помага во намалувањето на корупцијата, го подобрува организациското управување и промовира поголема отчетност.
Сите заинтересирани организации кои сакаат да аплицираат се покануваат на три информативни сесии:
- на 4 февруари (понеделник) 2019г. во МЦМС од 12 до 14 часот
- на 5 февруари (вторник) 2019г. во Битола хотел Милениум од 12 до 14 часот
- на 6 февруари (среда) 2019г. во просториите на Ресурсен центар Штип во Штип од 12:00 до 14:00 часот
За време на сесијата ќе се презентира упатсвото и формуларот. Присутните ќе можат да поставуваат прашања и да добијат јасни насоки за процесот на апликација и селекција.
Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на инфрмативната сесија да го најавите своето присуство однапред, а најдоцна до 31 јануари (јануари) 2019 година на jch@mcms.mk.