Категорија: Вести

Управувањето со ризици е чекор подалеку од управувањето со криза!

30/11/2020

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 17 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризиците. Таа се одржа на 18, 23 и 26 ноември 2020 година преку онлајн платформата ЗООМ. На обуката се потенцираше важноста од проценката на ризик, како  и воспоставувањето и практикувањето […]

Словенечките искуства во транспарентноста презентирани пред македонските ГО

13/11/2020

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM). За Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ, транспарентноста треба да се […]

Повик за учество на обука

07/11/2020

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации која се спроведува по втор пат има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа: што […]

Тестирање на online алатката за само-оценување Rendir App

20/10/2020

Дванаесет претставници на граѓански организации беа дел од на работилницата за презентирање и тестирање на он-лине алатката за само-оценување Rendir App (Биди отчетен). Работилницата се одржа на 17 октомври 2020 г. во Градскиот парк како дел од Цивика мобилитас фестивалот: „Ден на граѓанските организации“. МЦМС во партнерство со БЦСДН овозможи алатката  Rendir App да биде […]

Билтен бр. 2

28/09/2020

Го подготвивме  вториот билтен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.   Во него може подетално да се запознаете со досега реализираната шема за регрантирање, градењето на капацитетите и застапувањето за подобрување на државното финансирање на граѓанските организации на централно ниво. ПРЕЗЕМИ ГО БИЛТЕНОТ

Менторска поддршка за граѓански организации

22/09/2020

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ нуди менторска поддршка за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети за транспарентно и отчетно работење. Менторството ќе го обезбеди тимот на експерти од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Нашите експерти ќе ви бидат достапни за прашања поврзани со подобрување на организациската […]

На еден клик до поголема отчетност: Rendir App – Биди отчетен

21/09/2020

Алатката Rendir App (во превод Биди отчетен) е едноставен начин зa само-оценување во однос на Глобалниот стандард за отчетност на граѓанските организации. Ако планирате внатрешна дискусија за подобрување на отчетноста на вашата организација, Биди отчетен е местото каде што треба да почнете. Алатката ве води низ 24 прашања поврзани со 12-те заложби на Глобалниот стандард. […]

Управување со ризик во граѓански организации- чекор поблиску до навремени и соодветни решенија!

07/07/2020

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации им помогна на 19 учесници да ги зајакнат капацитетите на нивните организации за предвидување и управување со ризици. Таа се одржа од 19 до 29 јуни преку онлајн платформата ЗООМ. Обучувачката Вероника Волдан ја потенцираше важноста од проценката на ризик, како  и воспоставувањето и практикувањето на функционални […]

Повик за учество на обука

09/06/2020

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ објавува: ПОВИК за учество на ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Обуката за управување со ризик во граѓанските организации има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и […]

Покана за учество на онлајн панел дискусија

26/05/2020

Ни преставува чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на панел дискусија на која ќе ги презентираме податоците од „Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации“. Панел дискусијата ќе се одржи на 02.06 (вторник) 2020г., од 12:00 до 13:15 часот преку Он-лајн платформата ZOOM. Регистрирај се за учество на панел дискусијата […]