Автори: Александра Савевска, Јасмина Чаушоска
Дата: 2020
PDF-AL: https://www.otcetnigo.mk/wp-content/uploads/2020/11/NasokiGO-AL.pdf
Насоките за ефикасно управување и раководење на граѓанските организации се производ на најважните научени лекции од следењето на доделените регрантови. Во 2018 и 2019 година се отворија два јавни повика за доделување регрантови на кои вкупно аплицираа 123 граѓански организации и се доделија вкупно 17 регрантови (10 за добро управување и 7 за транспарентност). Целта на двете регрантови шеми е да се изградат капацитетите на граѓанските организациите за транспарентно и отчетно работење како кон донаторите така и
кон јавноста, крајните корисници и кон сите засегнати страни.
Овие насоки се составени од теми, кои меѓу себе се испреплетуваат и влијаат на доброто управување и раководење на организациите. Соодветното прилагодување и применување на дадените насоки ќе придонесе кон поголема отчетност и поголема транспарентност. Имено, со насоките се опфаќаат најчувствителните прашања во однос на следењето на принципите на добро управување кои произлегоа од следењето на работата на грантистите како што се: организациската структура и јасното издвојување на органите на oрганизациите, судирот на интерес, управувањето со човечките ресурси, соодветното набљудување и оценка, како и одговорното финансиско работење. Не секогаш организациите можат лесно и навремено да дојдат до одговори на прашањата кои се важни за подобрување на управувањето и раководењето. Токму затоа насоките имаат за цел да придонесат да се изгради капацитетот за отчетност и транспарентност на поширок круг граѓански организации. Овие насоки не се сеисцрпни; доброто управување зависи и од други фактори кои се надополнуваат на темите опфатени овде, а заради скратениот фокус не се опфатени. Потребата за овие насоки се наметна многу едноставно и таа е резултат на препознавање на oрганизациските придобивки доколку организациите се раководат во согласност со основните принципи на добро управување. Или, со други зборови, колку подобро се владеат организациите одвнатре, толку повеќе и поуспешно ќе дејствуваат кон надвор.