Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од ЕУ објавува Повик за учество на обука за финансиско управување и финансиска транспарентност.
Обуката за финансиско управување и финансиска транспарентност има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за подобрени практики за добро управување. Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален и транспарентен систем на финансиски менаџмент во организациите и тоа:
Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби.
Учеството на обуката е целосно покриено од МЦМС во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската Унија. Селектираните учесници дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, превоз, храна и сместување).
За оваа обука ќе се селектираат 20 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се одржи од 29 до 31 мај 2019 година во Битола.
Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да ја пополнат пријавата и пополнета да ја достават на следната е-маил адреса: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај (петок) 2019 година.
Сите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на МЦМС, а лицата кои доаѓаат од раководните структури во организациите ќе имаат предност.
Заинтересираните кои имаат било какви прашања во врска со обуката може да се обратат на емаил: fiv@mcms.mk најдоцна до 10 мај 2019 година.