Автори: Горан Форбици и Моника Костањевец
Дата: ноември 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-75-5
PDF MK: sporedbena-analiza-na-sistemite-na-drzavno-finansiranje-na-go.pdf
PDF EN: comparative-analysis-of-systems-of-public-funding-of-csos.pdf
Оваа публикација има за цел да ги претстави најдобрите практики на државно финансирање на граѓанските организации од Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска, Естонија и Шкотска преку презентација на правната рамка за процедурите, примената на постојните правила и стандарди.
Анализата нуди основа за конкретни препораки за системот на државно финансирање во Македонија, т.е. предлага еден или повеќе модели за финансирање, кои ги земаат предвид специфичните одлики на македонското општество и неговиот политички и правен систем.
Истражувањето на практиките на државното финансирање на ГО е направено со помош на претставници на ГО и на владините служби за соработка со НВО од анализираните земји.
Публикацијата е наменета за сите чинители вклучени во процесот на доделување средства на граѓанските организации во Република Македонија, а ќе им послужи и на други заинтересирани од земјите од Западен Балкан и од Турција.
МЦМС од 2007 година темелно се залага за подобрување на директното буџетско финансирање на граѓанските организации од страна на државата. Активностите се спроведуваат преку истражување и информирање за можностите за подобрување на целокупниот систем за финансиската поддршка за граѓанското општество.
Оваа анализа е подготвена од страна на Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, кои заедно со МЦМС го спроведуваат проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, финансиски поддржан од Европската Унија.