30/10/2019
На 30 октомври 2019г., во просториите на МЦМС се одржа работилницата „Како да ги подобриме транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации во Македонија“. Учесниците во дискусијата заклучија дека само-регулацијата во граѓанскиот сектор ќе придонесе кон подобрени практики на отчетност и транспарентност, дека здруженијата треба да развијат модел на етички заложби кој ќе ги опфати основните вредности и принципи […]
19/09/2019
Под мотото „Транспарентни и отчетни граѓански организации“, програмата Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации беше дел од настанот Ден на граѓанските организации на плоштадот Скендербег на 14 септември 2019 г. На штандот посетителите се информираат за целите и резултатите на програмата и можностите за финансирање преку грантовите за добро управување и транспарентност […]
06/09/2019
Во периодот од 27 август до 4 септември 2019 година, тимот од програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање за граѓанските организации – ДФГ“ одржа мониторинг состаноци со грантистите од втората грантова шема кои ги спроведуваат грантовите за транспарентност. Состаноците имаа за цел подетално следење на текот на проектите, известување за евентуалните отстапувања од временската […]