58 претставници на граѓански организации учествуваа во консултациите за утврдување на приоритетни области за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година.
Консултациите се одржаа во периодот до 12 до 15 ноември 2019г. во Скопје, Битола и Штип, а целта беше преку нив да се идентификуваат неопходните приоритети на граѓаните и граѓанските организации кои би требало да бидат земени предвид кога се дефинира програмата на Владата за финансирање на граѓански организации за 2020г.
Консултациите се организирани во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од државата. MЦМС придонесе во реализирањето на консултациите со логистичка поддршка за Одделението за соработка со НВО при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ е имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а финансирана од Европската Унија.