Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објави повик за доделување на грантови.
Целта на овој повик е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. Право да се пријават имаат организациите кои се регистрирани согласно законот за здруженија и фондации и ги исполнуваат критериумите во Упатството за аплицирање.
Висината на грантовите се движи од 5.000 евра (307,500 МКД) до 7.500 евра (461,250 МКД). Организациите кои ќе поднесат предлог проект треба да обезбедат кофинансирање.
За повеќе информации погледнете го јавниот повик за доделување грантови. Рокот за поднесување на апликации е 15 мај 2018 г. до 17 часот.
Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.