На 10 декември се одбележува денот на човековите права. Пред повеќе од 70 години се донесе Универзалната декларација на човековите права со која народите и нациите се сплотија во мисијата да обезбедат мир, слобода и правда за секој човек.
Здружението на граѓани ЛГБТ Јунајтед Тетово, на 10 декември излезе на улица – местото каде се воделе борбите и протестите за унапредување и заштита на човековите права. Членовите на здружението пред граѓаните на градот Тетово ја претставија својата организација и мисијата која успешно ја остваруваат од 2012г.
Како грантисти во рамки на програма, членовите на ЛГБТ Јунајтед Тетово секојдневно ја зајакнуваат својата организација со нови механизми за транспарентното и отчетно работење. 10 декември не само што ги потсети на предизвиците кои стојат пред нив за заштита на правата на ЛГБТ заедницата во Македонија туку и на потребата пошироката јавност да се запознаа со нивната работа. Отвореноста и непосредноста со граѓаните ќе овозможи зголемување на довербата и ќе ја подобри нивната видливост на локално ниво.
Со практикување на принципите на транспарентност и отчетност граѓанското општество во Македонија ќе може успешно да влијае на социоекономскиот развој на земјата и обезбеди права и слободи за своите граѓани.
Гласно за поддршка и заштита на човековите права за сите.