Ни преставува чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на панел дискусија на која ќе ги презентираме податоците од „Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации“.
Панел дискусијата ќе се одржи на 02.06 (вторник) 2020г., од 12:00 до 13:15 часот преку Он-лајн платформата ZOOM.
Регистрацијата е затворена.
По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.
Панел дискусијата ќе се одвива на македонски јазик.
12:00-12:10 | Добредојде и вовед во дискусијата Александра Савевска, соработничка на проекти, МЦМС (модератор) |
12:10-12:30 | Презентација на резултатите од Извештајот Милка Ивановска, автор и постдокторантка на Лунд Универзитет, Шведска |
12:30-12:50 | Примери на добри практики за транспарентност и отчетност во Северна Македонија – Билјана Петровска, проектна менаџерка, Национална федерација на фармери – Тамара Петковска, претседавачка на надзорниот одбор, Млади европски федералисти – Никица Кусиникова, извршна директорка, Конект |
12:50-13:00 | Градење на доверба во граѓанскиот сектор: научени лекции Александар Цеков, истражувач, Центар за истражување и креирање на политики |
13:00-13:15 | Прашања и дискусија |
За било кое прашање поврзано со овој настан слободно обратете се на Александра Савевска на следниот емаил: asv@mcms.mk.
Имено, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од своето постоење посветено работи на зајакнување на капацитети за отчетно и транспарентно работење на граѓанските организации. Досегашните истражувања укажуваат на потреба од подобрување на доброто управување во граѓанските организации, и особено на потребата од поголема посветеност на организациите за саморегулација во граѓанскиот сектор и следење на глобалните трендови за отчетност и транспарентност кон јавноста.
Со цел да ги увидиме тековните практики во земјата го подготвивме овој Извештај со кој се идентификуваат управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн.
Извештајот е дел од активностите на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ имплементирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) која се спроведува во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.