Дали некогаш сте се запрашале на кој степен од развој е Вашата организација? Дали внатрешните системи се доволно развиени? Дали се наоѓате на почеток или почнувате да функционирате како зрела организација?
За да може да Ви помогнеме да си ги одговорите овие прашања подготвивме матрица за самооценка која се состои од најважните 10 прашања во 3 најрелевантни развојни организациски области кои секоја организација која сака да се развива пожелно е да си ги одговори:
– Надворешно опкружување: капацитет постојано да го испитува своето опкружување и идентификува промени;
– Внатрешна организација: визија, лидерство и персонал;
– Внатрешна организација: структура, системи и процеси.
Она што треба Вие како организација да направите е да селектирате соодветен опис кој е карактеристичен за Вашата организација, да оставите контакт емаил, телефон, работна позиција и име на организацијата. Потоа Тина Дивјак, експерт за организациски развој од Словенија, ќе ги разгледа Вашите одговори и во рок од 2 недели ќе се обиде да Ви даде насоки и совети како може да го подобрите организациското функционирање и осигурите успех. За да ги добиете соодветните насоки и совети од голема важност е да го пополните делот за ваша рефлексија на што недостасува и кои се потребите во организацијата кој се наоѓа под секое од поставените прашања.
Оваа он-лине алатка е за граѓански организации кои сакаат да направат системска самоооценка на организацијата и утврдат каде се наоѓаат во однос на различните степени на институционална развиеност. Алатката за самооценка е базирана на матрицата на INTRAC за организациска проценка на организациите, но е прилагодена за да им овозможи на граѓанските организации фокусирање на најважните прашања во однос на организациско јакнење и развој.