Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на конференцијата што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) насловена „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ на 6 ноември 2020 година прeку платформата Зум (ZOOM).
Претставници на четири граѓански организации од Словенија зборуваа за нивните добри пракси поврзани со транспарентноста.
За тоа колку е значајна транспарентноста кога се мобилизираат средства зборуваше Петар Томашич, генерален секретар на Каритас- Словенија. За организација која спроведува социјални програми и собира донации, клучна е довербата која се гради преку транспарентното работење. Според Томашич, важно е да се знае од секое евро донација колку се распределуваат за административни работи, а колку за крајните корисници и тој податок да биде јавно достапен. Кога е во прашање прибирањето средства за организациски програми, потребно е да се комуницираат јасни вредности истакна во своето обраќање Наташа Пошел, директорка на Амнести Интернешнл (Amnesty International Slovenia). Таа истакна дека како организација која работи за заштита на човекови права, во своето работење, исклучиво се финансираат од донации и не примаат државна помош освен за кампањите за образование за човекови права. За транспарентното комуницирање на постигнувањата и јасното следење на ефикасноста на операциите зборуваше Јака Крајнц, генерален секретар на Друштвото на екологисти без граници од Словенија.
Тина Дивјак – раководителка за застапување во Центарот за информирање, соработка и развој на невладините организации (ЦНВОС) зборуваше за „Чарити Навигатор“, алатка која треба да им помогне на организациите да воспостават солидни транспаренти практики. Оценката на организацијата се прави во однос на четири главни критериуми тоа: супервизија на функционирањето на организацијата, потоа стратегиското планирање, финансиското менаџирање и транспарентност. Секоја организација добива оценка како комбинација од овие четири критериуми.
Целта на конференцијата беше да се споделат најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија и да се поттикне и подобри транспарентноста во секторот.
Панел дискусија за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организацииНа 2 јуни 2020 година на онлајн панел-дискусија ги презентиравме податоците од Извештајот за управувачки практики, за транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации.
Целта на извештајот беше да се согледаат тековните практики во земјата, а со него беа идентификувани управувачките структури, поделбата на функциите на органите во организациите, начинот на носењето на одлуки, организациското и административно работење, спречување на судир на интерес, финансиско работење, раководење со човечки ресурси, практики за известување, следење и вклучување на членството, итн.
Младински Совет Прилеп во периодот од 15 мај 2019 – 14 ноември 2019 година го спроведува проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП”. ➡️🗓Во рамките на проектот изработено е промотивното видео за МСП кое вклучува информации за работата на МСП, постигнувања на организацијата во последните 3 години, финансиски резултати и искуства од локалните волонтери на МСП. ✅✅Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).📍
Транспарентноста и отчетноста на денот на граѓанските организацииНа 14 септември 2019 на денот на граѓанските организации Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја промовираше програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“. Транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на граѓанските организации се водечките принципи на оваа програмата и истите ги преточуваме во граѓанското општество.
Вебинар: Отчетност кон корисници Субверзивен фронт и ХОПС за Глобалната недела на отчетностПоддршката за унапредување на внатрешните структури на управување е од особено значење за Субверзивен Фронт / Subversive Front и Healthy Options Project Skopje како грантисти на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“. Тие континуирано се залагаат за усовршување на стандардите за транспарентно и отчетно работење, а резултатите се видливи пред се во делот на зголемена доверба кај нивните целни групи. Програма на МЦМС „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ финансирана од Европската Унија. Global Standard for CSO Accountability www.otcetnigo.mk
БЦСДН за Глобалната недела на отчетностПроектниот партнер, БЦСДН го промовира концептoт на „динамична отчетност“. Покрај транспарентноста и отчетноста кон донаторите треба да бидеме вистински отчетни и кон луѓето кои се засегнати од нашата работа. Програма на МЦМС „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ Global Standard for CSO Accountability
АЛДА и Фокус за Глобалната недела на отчетностАЛДА Скопје и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ грантисти на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“, постојано прават напори транспарентноста и отчетноста да биде дел од сите аспекти на нивното работење. Програма на МЦМС „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ финансирана од Европската Унија.
МЦМС за Глобалната недела на отчетностМЦМС се приклучува кон одбележувањето на Глобалната недела на отчетност. Нашата работа е водена од луѓе од кои и со кои учиме и се развиваме, а градиме и силни партнерства со сите чинители. #BeAccountable#DynamicAccountability Програма на МЦМС, „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ финансирана од Европската Унија
Глобалната недела на отчетностОд 12 до 16 ноември 2018г. ја одбележуваме Глобалната недела на отчетност. Запознајте се со 12те заложби од Глобалниот стандард за отчетност. Овие заложби имаат моќ да ги подобрат нашите организациски практики за отчетност и транспарентност. Можеме ли да направиме повеќе и подобро? Пишете ни кои се вашите практики на транспарентност и отчетност? Споделете и приклучите ни се! #BeAccountable#DynamicAccountability Програма на МЦМС, „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ финансирана од Европската Унија.